А што со Тинсли?, Кеј-Џеј за градоначалник, Шек Деди и 0-3 на Спарси

Photobucket

Некако со целава работа со трејдов на Билапс во Денвер и Ајверсон во Детроит вчера заборавив да го спомнам Џамал Тинсли, кој веројатно е најпогоден од овој дил. До пред некоја недела Тинсли беше најблиску до трејд во Денвер, но Нагетси се мислеа и мислеа, и на крајот видовме што смислија, донесувајќи далеку подобра одлука.

Сега Тинсли останува практично без екипа, зошто Пејсерси не го сакаат и тој не ни тренира со нив, а пак останува врзан за нив со договор до 2011. година. Индијана не ни размислува да му ја учини таа услуга да му го откупи договорот, што го остава во небрано. На неколку екипи во лигата, како на пример Мајами, Голден Стејт, Њујорк…им е потребен плеј, но не верувам дека Мајами ќе се одлучи на трејд за Тинсли со оглед на неколкуте солидни млади плејмејкери кои ги има, а тука игра улога и договорот на Џамал. Никси веќе си имаат еден преплатен плеј кој не е дел од екипата и со кој не знаат што да прават, додека не верувам дека Бирд би го земал пак Ал Херингтон во Индијана.

* * * * * * * *

Кампањата “Кевин Џонсон за градоначалник“, конечно успеа и некогашниот плеј на Феникс и официјално е новиот градоначалник на Сакраменто. Колку тоа ќе им користи на Кингси, не знам, но знам дека им е очајно потребна нова арена со оглед на староста и малиот капацитет за денешната НБА на Арко. Тоа што Кеј-Џеј е добар пријател со Малуфите секако дека не е на одмет.

* * * * * * * *

Шек Деди!!!

* * * * * * * * *

Сан Антонио за прв пат откако клубот е дел од НБА, односно за прв пат по 35 години, има стартен скор од 0-3. Изгледа Ману им недостига повеќе отколку што можеме да замислиме. Ако не се оправат изгледа ништо од правилото на Непарна година.

Post Category: Шек Бургер, Бизаро, Дневни линкови, Видео, Дневен Топ 10

6 comments November 5th, 2008 at 04:49pmKarakash

Џо Думарс не е Ајзеа

Photobucket

Сликата е преземена од SLAM.

Како да го одржите својот тим во елитата цела деценија, ако не и повеќе? Само прашајте го Џо Думарс. Човекот кој ја направи историската грешка и го драфтуваше Дарк-О пред Вејд, Бош и Мело, уште еднаш покажа дека тој еден потег била единствената негова грешка во пост-играчката кариера.

Не знам што се дешава во Денвер, ама таму по се изгледа работите одамна излегоа од контрола. Уште од времето кога го потпишаа неупотребливиот Кенјон Мартин за неговиот мамутски договор. Во тимот имаат еден куп сумњиви карактери, кои сега се намалија за еден, ама тоа нема да смени многу работи за нив. Кога летово за ништо се откажаа од Кемби, тоа беше најавено како потег со кој се намалува платниот список и се чуваат пари за во иднина. Сега, тие го имаат 32-годишниот Билапс во неговата втора сезона од договорот вреден 46 милиони долари. Договор кој ако не се смени нешто во меѓувреме, ќе ги врзе Нагетси со Билапс до 2011 година. До кога тие ќе ги имаат под договор и Мартин, Мело и Смит, кои заедно ќе коштаат цели 63 милиони, или скоро цел селари-кап. Лепота.

Тоа што го добиваат краткорочно со Билапс е ОК, само што и онака беа тим кој ќе се бори за задњите плеј-оф места на Западот. Вака со Билапс можеби имаат поголеми шанси, со оглед на стабилноста на плеј која ќе им ја донесе, подобриот шут за три и одбрана, но осмото место и не е некој успех, посебно што тоа најверојатно ќе значи дуел со тимот кој и онака не можете да го победите. Дури и да се случи и Хорнетси да бидат први, истата судбина го очекува Денвер. Барем сега ќе има повеќе минути за Џеј-Ар Смит, како и повеќе поени за Мело, кој може да се сконцентрира на тоа да биде прв стрелец. Тоа ќе му биде единственото задоволство сезонава, ако воопшто му појде од рака.

Детроит пак, покрај сега веќе добро познатото бришење на договорот на Ајверсон следното лето (20.8 мил), во исто време ќе го избреше и големиот договор на Рашид Волас, двајца играчи кои се во залезот на кариерите и кои лесно може, барем во случајот на Шид, да се пензионираат следното лето. Ајверсон им дава нова димензија на Пистонси на кои очајно им требаше промена и освежување. Барем мене некако Билапс задњиве две сезони ми падна во форма, посебно во плеј-офот. Тој ја немаше веќе онаа смиреност кога беше најпотребно и правеше премногу грешки.

Е сега, да не биде дека Пистонси 100% добиваат со овој дил. Се зависи од тоа како Ајверсон ќе се вклопи во тимот, мада не се сомневам дека неговиот борбен стил на игра ќе ги освои сите во радничкиот град Детроит. Плус, тој е роден стрелец, тип на играч каков што Детроит немаше во тесните завршници кога се кршеше резултатот. Уште еден плус, Ајверсон е гладен за успех и свесен за тоа дека му поминува времето, ќе прифати секаква улога во Детроит. Да не зборам дека ова значи повеќе минути за младите таленти Стаки, Максил и Џонсон.

Браво за Думарс.

ПС: Можеби вака делува малку нафрлано.

Post Category: Трејд муабети

11 comments November 4th, 2008 at 05:53pmKarakash

Тапа Топ 10

Барем го има Шеп на листава. За Ајверсон малце покасно.

Post Category: Видео, Дневен Топ 10

4 comments November 4th, 2008 at 02:12pmKarakash

Going down to South Park за Дајс и Чонси…and outta South Park за Ајверсон

Photobucket

Трејдот стварно бидна. Џо Думарс дефинитивно не можеше да седи мирен и да го чека следниот мај/јуни и новиот колапс на Пистонси. Анализа утре, иако ова стварно менува доста ствари, посебно на подобро за Денвер, но само за оваа сезона. За долгорочно, Думарс е мангата, иако го драфтуваше Дарк-О.

Post Category: Дневни линкови, Трејд муабети

1 comment November 3rd, 2008 at 10:36pmKarakash

Ништо ново во Готам

Photobucket

Знам дека меѓу вас има многумина кои секоја сезона се надеваат дека ќе видат некои нови Никси…и секоја сезона биваат тотално разочарани од хаосот во Готам. На сите им е јасно дека најзаслужен за тој хаос е Ајзеа Томас, кој направи вистински циркус од тимот, циркус од кој сега не можат да се решат вистинските луѓе кои конечно седнаа на чело на клубот. Нормално, своја кривица има и газдата Џејмс Долан, кој му дозволи на Ајзеа да се уфура во некој филм дека е способен за НБА оперативец, кога се освести, веќе беше доцна за сите во Њујорк.

(Има и еден муабет поврзан со освестување, а кој се случи минатиов викенд кога полицијата го нашла Ајзеа во несвест во неговиот дом во Њујорк, наводно типот се предозирал на апчиња за спиење).

Еден од бисерите на Ајзеа е и предебелиот договор на Стефон Марбери, кој како што стојат работите по се изглоеда нема ни да заигра за Никси сезонава. Плус, тука се и договорите и на неупотребливиот Џером Џејмс, како и тој на Еди Кари, кои им бодат очи на Дони Волш и Мајк Д’Антони. Тие не можат да се најдат тим кој би бил доволно храбар (храбар = луд) да ја преземе на себе обврската да ги храни фамилиите на овие играчи, а нормално, за сето тоа се знае кој е крив:

“We’re trying to navigate some waters that really are muddy, and we didn’t muddy them,” D’Antoni said. “They were already muddied.”

Приказна за себе е Стефон, за кого сезонава е задња од договорот вредна цели 21.9 милиони долари, договор кој Никси нема шанси да го продолжат. Момакот не е ни дел од тимот, не се буни, убаво му е, а не ни сака откуп на договорот за да има шанса да игра за друг некој клуб оваа сезона. Трампа би била вистинско ремек дело на Волш. Откупот пак доаѓа во предвид за Стефон само доколку Никси му ги дадат сите 21.9 мил., што е чиста лудост.

“I’m patient,” Marbury said. “I’m sitting still. Whatever they think is best for me, I’ll go with. Through every test is a testimony. I’m in the best phase of my life.”

Баш му е гајле. Вистински професионалец. Кој друг за седење дома добива толкави пари, а патем си живее и ужива во Њујорк.

ПС: Денес не ставам Топ 10 или 5 затоа што имаше само две средби сабајлево во кои играа четири “атрактивни“ екипи.

Post Category: Општо / Разно, Бизаро

11 comments November 3rd, 2008 at 03:26pmKarakash

За чудо - Винс

Post Category: Лебронџилница, Видео, Дневен Топ 10

Add comment November 2nd, 2008 at 11:22amKarakash

Алтернатива

Со оглед на тоа дека кај нас, на нашиве “екстра“ телевизии, нема шанса да се види било што поврзано со НБА, од денеска ќе гледам секое сабајле да го постирам Топ 10 на НБА ТВ од претходната вечер. Да не ви ја расипувам листата, ама покрај шутот за победа на Руди Геј, како меч вреден за гледање со едно чудо атрактивни потези делува тој одигран во Торонто, додека потег кој мене ми е најдобар ми е тројката на Рој со сирената за полувреме за 0-2 старт на Спарси.

Post Category: Вејдара, Видео, Дневен Топ 10

4 comments November 1st, 2008 at 10:33amKarakash

Next Posts Previous Posts


Тазе

Резултати

Категории

Архива

Линкови

КФМ

За корисниците