Archive for January 25th, 2010

Било некогаш…

drazen

Полека поминува цела една деценија во која речиси и да немаме битен НБА играч кој доаѓа од некоја од екс-Ју земјите. Она што некогаш беше можеби и најдобра кошаркарска школа на светот, сега е сведено на едно ниско ниво. Многу ниско во однос на она на кое беше некогаш, но и ниско и во секој друг смисол. Посебно во однос на остатокот од Европа, кој некогаш беше далеку назад, но кој во добар дел сега доминира.

Да, репките на Србија и Словенија беа добри на последното ЕП, а малку се разбуди и Хрватска, но кога ќе се погледне големата слика, во Европа има една вистинска сила, неколку кои тоа посакуваат да бидат, но немаат квалитет за таков потфат и остатокот, кој и не нешто импресивен.

Но, темата не ми беа репките, барем не директно. Муабетот ми е немањето на индивидуален квалитет на овие простори. Суша која трае веќе подолго време. Мојата генерација, како и таа малку постара од мене растеше со големи имиња. Дражен, Кукоч, Раџа, Даниловиќ, Паспаљ, Дивац, Ѓорѓевиќ…и уште доста играчишта. Некои од нив, пред да тргнат да ја освојуваат Европа, а некои и Америка, дури и некои од нас имаа среќа да ги видат во живо, во Парк. Таква чест денес, и покрај поголемите можности за патување и сл. тешко дека имаат нашиве деца. Што е жалосно.

SKOK broj 6 - 02-10-1991 divac

Факт е дека денес нема ИГРАЧ кој е од некоја од бившите Ју-републики. И тоа го нема веќе некое време. Било да зборуваме за некој кој игра во Европа или пак за некој кој игра во НБА, (иако да вредеше некој ќе му фатеше око на некој НБА скаут).

На овој пост, кој планирав да го шкртнам одамна, ме потсетија Марко Лима Јариќ и Роко Лени Укич, кои станаа последните кои се вратија во Европа. Откако ни Роко, а уште помалку Марко добија шанса, си се спакуваа и се вратија таму каде колку-толку ќе играат. И додека Јариќ тешко дека ќе биде ѕвезда и од нешто голема корист за својот тим, Роко останува талент кој еден ден може да се врати во НБА. Еден ден.

По нивното заминување од екс-Ју во НБА останаа девет играчи, бројка која речиси сигурно нема да се зголеми следната сезона.

90041846LM020_NUGGETS_HORNETS

Од тие десет фаци, ниту една не е лидер на својот тим, а единствен со ол-стар настап зад себе е Пеџа Стојаковиќ. Нешто што веќе нема да се повт0ри. Пеџа е се уште дел од Хорнетси, затоа што поради повредите и неконстантноста, никој не сакаше да дила за њего со Њу Орлеанс. Бројките од оваа сезона (11.3 п. и 3.4 ск.) кажуваат за тоа колку е од корист за својот тим.

Пеџа е предводник за квартетот Срби во овие десет. Бројка која добива плус еден ако се додаде Саша Павловиќ (3.7  п. , 2.0  ск.), кој иако е Црногорец, пред две години изјави дека сака да игра за Србија.

Останатите петорица се Словенци, што значи дека немаме Хрвати, кои порано редовно имаа барем еден свој претставник, додека ние и Босанците сме во сосема друг лонец    од кој тешко дека наскоро ќе извадиме, макар и греач на клупа во НБА.

90041349LM025_CAVS_THUNDER

Радмановиќ (6.7 п. и 4.8 ск.), Крстиќ (8.2п. и 4.9 ск.) и Миличиќ (2.0 п. и 2.2 ск.) се останатите тројца Срби, додека Словенија ја има петорката Удрих (12.7 п., 2.5 ск., 4.0 ас.), Драгиќ (7.7 п., 2.1 ск., 2.3 ас.), Вујачиќ (2.3 п., 1.1 ск.), Брезец (0.8 п., 1.7 ск.) и Нестеровиќ (4.0 п., 2.2 ск.).

Кога ќе се спојат сите нивни просеци нема да се добие ниту просекот на еден Леброн.

Од овие десет, 100% е сигурно дека Дарк-О летово ја завршува својата несреќна НБА авантура, а ништо чудно да му се приклучи и Брезец, кој не се изнаигра во Филаделфија. Некој добар збор не заслужуваат ниту Вујачиќ, кој полека го губи кредитот кај Фил, кој се повеќе ги форсира Фармар и Браун од клупа. Рашо, кој и онака не беше од некоја корист и порано. Павловиќ, кој иако се труди, не успева да се избори за поголема минутажа ни во тим како Минесота.

Нешто подобар од оваа група е Радмановиќ, кој де игра, де не игра во лудите ротации на Дон Нелсон.

90043348CP022_Golden_State_

Оние кои си направија кредит и за следната сезона се Удрих, кој е добра алтернатива на Тајрик во Сакто, Драгиќ, кој одлично го мења Неш и сезонава покажува голем напредок во однос на лани и Крстиќ, кој иако не доминира нешто посебно во рекетот е важен дел од едно од најголемите изненадувања оваа сезона. Нормално, тука е и Пеџа, барем додека не му истече договорот.

Се на се, ако се земат во предвид и талентите од екс-Ју кои сонуваат еден ден да заиграат во НБА, ќе се изначекаме дури еден ден повторно не видиме некој кој барем малку ќе потсетува на Дражен или Тони. За некоја сјајна генерација каква што беше и последната заедничка на СФРЈ не станува ни збор.

8 comments January 25th, 2010


Календар

January 2010
M T W T F S S
« Dec   Feb »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Архива

Категории