Lost in Space & Reke strikes again
Ова го имав вчера ставено на Фејсбук страна на MakNBA, но ако некој случајно не го видел, вреди да се подели пак. Пред се затоа што вакво нешто, иако толкави години гледам кошарка, немам видено.
Џеј-Ар Смит отсекогаш сум го сметал за, како што викаат Америте – Airhead. На нашки тоа би можело да биде, во слободен превод – Шупелка. Играч кој очигледно има голем потенцијал, но потенцијал кој пред се е само физички. Токму поради таа своја карактеристика не се снајде во Хорнетси и со Бајрон Скот, а и се до минатата сезона и доаѓањето на Билапс редовно беше на мета на Џорџ Карл поради неговите крајно нелогични потези и очајна шут селекција кога ќе добиеше шанса да заигра.
Тоа колку е фокусиран на самата средба и на моментот, Џеј-Ар го покажа и во Сакраменто со потег на кој стварно не му е потребен коментар. Тупавост која можам само да ја споредам кога Мерион, додека беше дел од Санси, по мртва топка, тргна да закуца кон својот кош.
Да не биде дуелот на Нагетси и Кингси познат само по оваа бизарност, се погрижи главниот кандидат за Руки на годината, Тајрик Еванс, кој повторно во последните секунди им донесе победа на Кингси. По домашните разочарувања со Кавси и Лејкерси, неочекувано добрите Кингси се омрсија против Нагетси без Мело.
3 comments January 11th, 2010