Archive for December, 2009

Среќно

82921732SC014_Joe_Johnson

Дедо Мраз дојде еден ден порано за Кливленд во облик на нетипичен судиски пропуст во финишот и првата тројка во кариерата на Варежао. Тоа се двете причини поради кои Кавси успеаја да се спасат дома против Хоукси. Нормално, никој не знае дали крајниот исход ќе беше поинаков ако не се десеа тие две работи, но начинот на кој судиите го скратија нападот на Атланта по кој исто преку Варежао Кавси поведоа со 100-99 е нешто што до сега го немам видено во моите скоро 20 години следење НБА. Тие што ја гледаа средбата синоќа знаат за што зборувам.

Тоа ја постави сцената за Енди, кој со шут во очај (пред тоа имаше 0-18 за три во НБА) им донесе плус три на Кавси на 17 секунди до крај за совршен роденденски и новогодишен подарок за Леброн, кој беше ѕвер со своите 48 поени.

Но, како еден од ретките фанови на Хоукси со подолг стаж и тоа како сум задоволен од оваа средба во која Атланта покажа дека може да се носи со фаворитите во гости и тоа една вечер откако Кавси славеа сред Атланта. Џо конечно беше лидерот, Биби одигра како на времето во Сакто, а и остатокот од тимот беше одличен.

Со малку повеќе среќа и ќе победеа во Кливленд. Среќа, но пред се здравје кои им ги посакувам на сите кои се со МакНБА од самиот старт, односно некои пет и пол години, како и оние на кои ова им е првиот пост.

9 comments December 31st, 2009

Дерозан има порака за Комишот

2 comments December 30th, 2009

“Брадата“ се врати

90042432NG026_CELTICS_CLIPPERS

Гордон:

- “Види му ја брадата, пеер“

Телфер:

- “Остај тоа, види му го капчено. Мора да му го дал Џим Белуши“

Не толку одамна, Берон Дејвис беше сметан за иднината на НБА на плеј. Со висина и снага нетипична за стандарден плеј сите фанови на Хорнетси сметаа дека во својот тим го имаат индиот најдобар играч во Лигата на таа позиција. (Можеби го имаат и сега, само што тоа не е Берон).

Берон како ѕвезда заврши во Голден Стејт, таму малку падна во заборав се до онаа серија со Далас, па и онаа со Јута и куцањето преку Кириленко. Потоа пак го снема за со преминот во Клиперси предминатото лето пак да почне да се зборува за него.

Првата сезона во Ел-Еј може слободно да ја фрли во бунар, што ради слабата форма, што ради повредите, што ради преголемата килажа, a што чисто ради..Клиперси.

Но, оваа сезона е нешто друго и иако уште го немаат 1. пик Блејк Грифин во екипа, Клиперси се многу поинтересни за гледање. И поопасни. Во тоа се уверија и Селтикси, кои и без Пол Пирс во пол-позиција да се одмаздат за ланските 91-93 во Стејплс. Арно ама, Рондо ја покажа својата Ахилова пета и ја постави сцената за Берон. Брадата или Аџијата, сеедно.

3 comments December 28th, 2009

Фотка на неделата 76 – Christmas massacre

90042403LB013_CLEVELAND_CAV

What a difference a year makes…

Лани за Крисмс, исто како и годината пред тоа, имавме неколку екстра средби. Кога беа најавени главните парови за овој 25.12. сите очекуваа спектакл од Орландо-Бостон и Лејкерс-Кавс. Оправдано, со оглед на тоа дека зборуваме за четирите најдобри тима во лигата (од кои три се од Истокот). Арно ама, во поголемиот дел главните средби синоќа беа тапа, во Дизниленд Двајт “доминираше“ против Бостон, кој и без Пирс покажа дека е веројатно најкомплетниот и најопасен тим во Лигата кој доби многу со ангажманот на Шид. Уште со здрави Глен Дејвис и Маркиз Дениелс, плус Пирс, ќе бидат страшни за секого.

Орландо не ми беше по ќејф ни лани, а ни оваа сезона и навистина не верувам дека се способни за рипит на ланскиот успех. Нормално, ако ко лани не се деси некој ментален колапс на Кавси или пак повреда на Гарнет или Пирс на Селтикси.

Во Ел-Еј пак, Кавси одиграа неочекувано зрело и паметно. Мо Вилијамс беше десната рака која се очекува да биде на Леброн, а остатокот од тимот беше агресивен во вистинска мерка. Некој ќе се пожали на судиите, но тие не влиајеа директно на резултатот, а влијаеа директно на фрустрациите на Лејкерси, пред се поради нивната мизерна игра. Кавси докажаа дека не треба да се исклучат од муабетот за финале, но има уште многу да се игра до тој моменат.

90042403AB063_CAVS_LAKERS

За однесувањето на публиката во Стејплс, но комент, тоа го добивате од разгалени богаташи кои се навикнати само на плескање со нивните намачкани рачиња. Веројатно добра работа во целиот хаос беше што за божиќен подарок добија прсти од сунѓер. Всушност, да добија нешто повредно не верувам дека ќе го фрлеа.

2 comments December 26th, 2009

Портланд Малерс

Trail Blazers Mavericks Basketball

Една од ретките мани на тимот на Портланд пред стартот на оваа сезона беше тенкиот избор на играчи под кошот и недостатокот на вистинска опција во рекетот. Го имаат Ламаркус Олдриџ, кој е “четворка“ која не сака многу да се ’рве во рекетот, без никаква замена за него. Имаат двајца центри, Оден и Пржибила, кои се пред се дефанзивци, па потоа се останато.

Се извинувам. ИМАА двајца центри, кои сега според сите најави ќе го гледаат од трибини (кога не се на терапија) остатокот од сезоната. Како малку да беше страшната нова повреда на Оден која стави крај на сезоната за некогашниот прв пик, а синоќа во Далас падна и Гоустфејс Пржибила, за кого исто така најверојатно оваа сезона е минато. Победата во Далас е само мала утеха на која не ни вреди да и се радуваат Блејзерси.

Со оглед на тоа дека немаат некоја реална опција на пазарот, ниту пак во НБДЛ, ќе биде страшно тешко за Портланд да стигне до плејофот. Посебно ако се знае дека сега на центар ќе им игра Џуан Хауард. Тешко нив.

Невидени малери.

10 comments December 23rd, 2009

Bull-shit

tajrik protiv bulsi

На нешто повеќе од 20 минути до крај резултатот беше 79-44 за Булси. На крај, беше 102-98 за Кингси. Вистински WTF!?!?!?! момент.

Како може еден тим кој себе си се смета за сериозен, да загуби толкава предност и да го дозволи најголемиот камбек за победа на еден тим во последните 13 години?

Како може еден тренер да дозволи толкаво опуштање и несериозност кај своите играчи?

Како му се дозволува таков, историски камбек на тим од калибарот на Кингси? Не зборуваме за Лејкерси, Бостон, Кливленд, Орландо…зборуваме за Сакраменто.

Ја гледав средбата и искрено, навивав за Кингси. Дел Негро и неговите играчи некако премногу опуштено се однесуваа на клупата, некои се смееја, некои веќе мислеа на следните средби…

Арно ама, Кингси се бореа до самиот крај и, како уште неколку екипи оваа сезона, покажаа дека онаа историска серија против Бостон во ланскиот плејоф тешко дека ќе се повтори, пред се зошто и плејофот делува далечно со ваков пристап.

Причината не е заминувањето на Бен Гордон. Сепак, од лани се појаки за Луол Денг. Но, едноставно капацитетот на овој тим и овој тренер е тој. Серијата со Бостон нико не може да им ја одземе, ама сега сето тоа делува само како случајност. не континуитет.

3 comments December 22nd, 2009

Тони Ален ќе добие подарок плус за X-mas

Некаде, под брк, на турнејата на Лејкерси по Истокот, Дерек Фишер се смее. И му го пакува крисмс подарокот на Тони Ален.

3 comments December 21st, 2009

Previous Posts


Календар

December 2009
M T W T F S S
« Nov   Jan »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории