Ќе позелени ли Шид?
Нормално дека Бостон нема да седи со скрстени раце откако конкуренцијата и тоа како се засили во само неколку недели. Прво име кое е на листата на Селтикси е Рашид, на кого Селтикси му понудија договор. Шид нема да се брза со својата одлука, тоа е јасно, но нејасно е колку Волас во оваа фаза од својата кариера би му бил од помош на Бостон.
Посебно ако се знае дека Селтикси нема да го задржат повредениот, но и многу помлад Лион Поу,а во опасност се и да го загубат Глен Дејвис, ако не му понудат помрсен договор.
Опција за Шид се и Спарси, каде исто така би можел да се вклопи, но прашање е дали Поп би го сакал тој ризик во својот тим.
Се спомнува и Орландо, кој веројатно го губи Гортат, но доста поверојатна и побезопасна опција за шампионот на Истокот е Брендон Бас.
ПС: Не ја спомнав трампата на Зеко Рендолф во Мемфис во која Клиперси, конечно, покажаа дека знаат да направат некој паметен потег. Кај се ослободија од договорот дебел ко самиот Зеко, се ослободија и од негативното влијание на Рендолф, притоа одлободувајќи простор за развој на Блејк Грифин.
7 comments July 4th, 2009
