Archive for December, 2008

Флајинг хај + Шек го стигна Доминик

Photobucket

“Атланта Хоукс“ издание…

Знам дека вас има многумина се попалени за Лејкерси, Никси, Санси, па и Селтикси, но барем за сега не сретнав ликови кои се фанови на Хоукси. Како што момците на Вудсон летаат се повисоко, нема да ме зачуди ако и тоа се смени наскоро. Јас многу добро знам како е да се биде фан на Атланта, за која како што знаат оние кои ме познаваат одамна, сум врзан од самите почетоци на гледање НБА, а тоа е од пред некои 20 години.

Постов баш ги поврзува тие Хоукси од пред две децении и овие денес кои со победата над Денвер стигнаа до скор 20-10 (4. на Исток и доволен за делба на 3. место на Запад). Ова е прв пат Атланта да има 20 победи пред Нова Година по сезоната 1987-88, која пак заврши со пораз во полуфиналето на Истокот од Бостон после седум меча и епскиот дуел во Гејм 7 на Бирд и Доминик.

Се надевам дека тие седум средби со Бостон, Хоукси ги одиграа во последниов плеј-оф и дека сега е време за поголеми нешта.

Нормално, како и од секоја приказна за Хоукси, и од оваа дел е Доминик, кој исто така е актуелен во моментов. За жал, кога-тогаш мораше некој да го помине и Ник на вечната листа на стрелци, но мило ми е што тоа е Шек кој со новата одлична партија сабајлево стигна до одличната бројка од 26 691 поени во кариерата, поминувајќи го Ник на 11. место на вечната листа.

Барем за сега нема опасност од нов пад на Вилкинс на листата, зошто Ајверсон е најблиску до него од активниве играчи со некои 3200 поени помалку доволни за 22. место.Некој кој сигурно ќе го помине Ник е Коби кој сега е 26. со 22 409 поени. До крај на кариерата очекувам 30 илјадарки од него.

Како и да е, Хоукси летаат пак, после подолга пауза. Ако за некои епизодата од последниот плеј-оф беше случајност, тоа веќе не е така после првиве 30 средби од новата сезона. Знам дека доста играа дома, како и тоа дека веројатно нема да можат да го задржат во целост овој ритам до крајот, но со овој старт и овој пристап победничка сезона не им бега. Најубаво во целава работа е што се доста сигурни дома, а стануваат такви и во гости.

Плус, тоа се случува без некоја посебна помош од Џош Смит, кој уште не фатил ритам и кој беше повреден некое време. Џо е ѕвер и вистински лидер, Ал е тоа во рекетот, Марвин покажува знаци на потенцијалот кој го направи 2. пик, Биби ептен го растеретува Џо во нападот, додека Флип, Мо и Заза се испомош од клупата. А некои викаа дека ќе им недостига Афрото Чилдрес. Пффф

13 comments December 30th, 2008

Ѕирнете по ходниците во Феникс, Руди vs Двајт и Не баш “зелен“ Оукленд

Сакате да ѕирнете во соблекувалната на Феникс? Мислам, виртуелнатa соблекувална на Феникс?
Иако не освоија ништо изминативе пет сезони Санси станаа еден од најзабавните и најинтересни тимови во лигата. За тоа голема заслуга имаше и Бркот со неговиот лежерен стил на работа, но и ликови како Нешти, кој се пронајде себеси во Аризона по престојот во Далас.

На линкот на врвот ја имате виртуелната соблекувална на Санси, уште една од неколкуте оригинални идеи кои излегоа од Феникс последниве години. Кликајте и шетајте се низ просториите на Санси, има доста за гледање. Покрај тоа, Феникс ја лансираше и кампањата за ол-стар гласови за Амари, иако се сомневам дека им е потребно такво нешто со оглед на тоа како во моментов стојат работите со гласовите. Можеби би било поинтересно да лобираат за настап на Шек како резерва, зошто Ол-Старот не е Ол-Стар без Дизелот и оригиналниот Супермен.

* * * * * * *

Кога веќе спомнувам Ол-Стар и Супермени, Двајт Хауард и дефинитивно ќе ја брани круната во Феникс. Познати се два конкуренти - Руди Геј и Нејт Робинсон. За третиот одлучуваат фановите од трите номинирани дебитанти, промена која уште пред неколку години ја спомнаа како идеја разни НБА блогери. Руки триото се состои од Џо Александер од Бакси, Вестбрук од Тандер и оној што јас сакам да го видам таму - Руди Фернандез. Веројатно и Двајт ќе сака да го сретне Шпанецот во Феникс.

* * * * * * *

Бостон, слично како и Лејкерси минатата недела, за прв пат сезонава загуби две средби по ред. Ај што изгубија од Лејкерси во средба во која беше очигледно дека овие имаат многу поголема желба да се надигруваат и дека Поузи фали во Бостон, Селтикси се посрамотија во Оукленд против Вориорси кои се без повеќе од пола тим (кога зборуваме за важни играчи). Бостон остана без Перкинс, што за нив е голем проблем. Не затоа што Кендрик е некое играчиште, него затоа што Селтикси после новата пензија на Пи-Џеј немаат измена за стартниот центар. Веројатно го чекаат 74-годишниот Дикембе.

4 comments December 27th, 2008

Интро + Крисмас патичиња

Ова е видеото кое како најава за вечер се појави на еден од фансајтовите на Коби. Нема што, убаво е измиксано, а посебен шмек му дава класичната музика која секогаш пали за вакви работи. Веројатно поради самата грациозност на самите НБА ѕвезди. Е сега, на клипот се гледаат доста кошеви на Коби и некако се добива впечаток дека тој бил тој кој ги решил Селтикси во финалето, иако вистината е сосема спротивна.

А и некаде слушнав дека Лејкерси имаат и некои други играчи кои не се презиваат Брајант. Кој знае, можеби е вистина. Што се однесува барем до клипов, тоа не може да се примети.

Вечерашново дерби во Ел-Еј се надевам дека ќе ги исполни сите очекувања, посебно на нас кои во овој дуел се неутрални. Сепак, реалноста е дека оваа средба нема некоја посебна тежина, посебно не за Селтикси. Иако тие бркаат 20 победи во низа, тие се доволно свесни за што играат и евентуален пораз нема да им го измести фокусот. Затоа и не се палат многу, иако не верувам во тоа дека им е сеедно со кој тим играат и дека секоја средба ја третираат исто.

Што се однесува до Лејкерси, не знам, ова може да биде положување на еден голем тест за нив и некој вид порака до Бостон и остатокот од лигата, но во исто време пораз може да значи и емотивен пад кај нив со оглед на тоа дека имаат доста млади момци кои не се научени на тоа да гинат на големи средби и на кои секој таков пораз може да им падне доста тешко. Исто така, вечер ќе видиме дали Бајнам може да смени нешто во односот на силите во рекетот и посебно во скокот каде Лејкерси беа меки ко манчмалоу во финалето.

Кога сме на ИксМас темава, доста од ѕвездите кои ќе играат вечер ќе ја искористат можноста пред цел свет (Америка сигурно) да ги претстават посебните изданија на своите нови модели. Покрај не баш убавите Адидаски на Тимчо, Кевин и Двајт, и неколку од момците на Најк ќе вршат презентација вечер.

Така ги имаме Брендон Рој, Леброн, Коби и Нешти со нови моделчиња. Најмногу внимание предизвикуваат ниските патики на Коби, кој од маркетиншки причини мораше да заигра и со ниска патика, нешто што отсекогаш ми било шубе, ваљда затоа никогаш не сум шинувал скочен зглоб. Со ниски веѓе некое време игра Нешти, но тој е навикнат на тоа, додека мене многу повеќе ми се свиѓаат моделите на Рој и Брон.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

14 comments December 25th, 2008

Eве ги и панорамските

Минатата недела спомнав дека НБА има нова кампања која ќе ја реализира овој ИксМас. Како што и обично бива, на ЈуТјуб процуреа трите видеа во кои се гледаат панорамските автобуси на Г’ујо како наместо низ скопските улици се шетаат низ НБА паркетите.

Искрено, очекував нешто малку поинтересно од НБА, но тоа не значи дека овие три клипа се лоши. Само место Оден јас би го ставил Шек. Или Двајт.

You like?

ПС: Знам за рекордот на Бостон, ама кога они самите не го слават, што има јас да им се радувам.

1 comment December 24th, 2008

Фала, Кјубане, Годините на Ји и ПАУ

Тоа дека Њу Џерси на дебело профитираше од ланскиот трејд со Далас во кој за стариот Кид го добија младиот Херис, е и тоа како јасно. Но, најубавото нешто во целата работа е тоа што го скандираа фановите на Нетси во газењето на Мавси синоќа во Ајзод. Публиката фино-лепо му се заблагодари на Кјубан, кој инсистираше на тој трејд, за подарокот добиен во размена за Кид, со сета почит кон него.

Уште поголем удар за “паметниот“ Кјубан ќе биде доколку Мавси годинава не се најдат во плеј-офот, а тоа им успее на Нетси со Херис како лидер на плеј. А и да не се случи тоа, јасно е дека додека Мавси се еден од повозрасните тимови во лигата со не баш некоја посебно светла перспектива, Нетси со Херис и некои други млади момци, плус простор во селари-капот, можат доста бргу да се вратат меѓу најдобрите осум на Истокот.

Така и им треба на Мавси со таков газда кој мисли дека е попаметен од сите.

* * * * * * *
Photobucket

Инаку, ај и ова да го спомнам кога веќе сме кај Нетси. Според Interbasket, Ји Џианлиан нема 24, него 21 година. Тоа дека Ји е постар за три години од она што Кинеската федерација го тврди, а НБА го признава, е причина за разни шпекулации уште пред момакот да биде драфтуван. После овие последни докази на кои јасно се гледа дека е роден 1984, а не три години подоцна јасно е дека нешто ептен смрди кога се во прашање Кинезите и датумите на раѓање на нивните спортисти.

Покрај разните допинг афери на некои од нивните најпознати спортисти (не кошаркари) до пред некоја година, на овие ОИ се дигна прашина и за годините на некои од гимнастичарките на Кина. Јасно ми е зошто сакаат да ги претстават своите таленти како помлади, затоа што така се поголеми таленти, но тоа факат не е легално и заслужува казна. Но, сигурен сум дека нема да има никаква казна за ова со Ји, само можна е промена на неговиот датум и година на раѓање во НБА и ФИБА.

А печени за казна има. Од менаџментот на Милвоки, кој сум убеден дека знаел за ова. Од екс-Џи-Емот Лери Херис, кој е син на Дел Херис кој беше селектор на Кина, до разни други скаути и структури. Сега можеби и нема некоја смисла да се дрнда за ова, но прашање е дали другите во Милвоки, како нивниот газда, да знаел за годините на Ји (22, а не 19) би се одлучил да го драфтува дечкото со висок пик на јакиот драфт.

А баш ме интересира и дали Нетси знаеле за ова, зошто не знам баш дали туку-така би се одлучиле да се откажат од Џеферсон ова лето за некој кој има 24 години и не баш некој посебен простор за напредок како некој кој има 21 година.

* * * * * * *

И само на кратко за Мајами-Лејкерс. Дружбата на Коби има еден голем проблем во последниве две-три недели, а тоа е да игра на нивото на својот противник, посебно кога игра со доста послаби противници од себе, како Вулфси, Кингси и сега Мајами. Реално, Мајами требаше да биде лесно гостување за Лејкерси, ама си го дозволија луксузот кој го спомнав погоре против хаотичниот состав на Споелстра.

А и можеби ќе беше подобро Фиш да го имаше последниот шут. И по милионити пат—ПАУ Гасол.

6 comments December 20th, 2008

اللجنة الأولمبية الدولية تدخل عصر التقشّ (وديع

15 comments December 19th, 2008

Фајнали - НБАлфа ТВ

Photobucket

Photobucket

Ете. Иако ова очекував да се случи порано, односно на стартот на сезоната, од овој петок (значи утре) НБА конечно и на некоја македонска ТВ. На сајтот на Алфа нема никаква посебна најава, но ако го ѕирнете програмот за утре ќе видите дека во 26 часот ќе ги даваат на многумина од вас омилените Лејкерси и Мајами.

Така, муабетот кој се вртеше уште од плејофот, кога НБА кај нас за жал одеше на МТВ, се исполни. Сега останува да видиме кој ќе коментира. Се надевам дека ќе биде Љубомир, но ќе видиме дали останатите обврски во Алфа ќе му го дозволат тоа. Како и да е, после Сител и МТВ мора да биде подобро. А и да не биде, веќе се навикнавме, важно е тоа што ете, конечно некоја наша ТВ да прати некои модерно светски текови и да дава некој спортска програма која нема врска со се подосадниот фудбал. Со оглед на начинот на кој стартуваа во Алфа и опремата која ја имаат, како и врските со НБА, очекувам дека ќе имаме искуство кое НБА, а и нејзините фанови кај нас, дефинитивно го заслужуваат.

Вејд против Коби. Не е лошо за старт, а сигурен дека ќе продолжи со Лејкерс-Бостон на Иксмес.

13 comments December 18th, 2008

Previous Posts


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov   Jan »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории