Жичките се споија во Ел-Еј

Бргу после Атланта, и Лејкерси го доживеаа првиот пораз оваа сезона, така да после нешто повеќе од две недели немаме тим со совршен скор. Можеби не очекував дека баш Пистонси, и тоа баш во Ел-Еј ќе ги победат Лејкерси, ама сигурно никој не ни очекуваше дека Нагетси ќе слават синоќа сред Бостон. па уште и Хоукси изгубија во Њу Џерси, Санси со препородениот Шек, без Нешти и со просечен Амари тепаа во Сакто, а Грег Оден го имаше првиот НБА дабл-дабл, иако Блејзерси изгубија во Њу Орлеанс.
Не ми е јасно, но веројатно тука игра факторот Аделман, ама Рокетси изгубија во Аламо од Спарси без Точни и Ману со Данкан и еден куп НБА просеци.
И нормално, Далас уште нема победа дома, а вкупно има скор 2-7.
Камбек на почетокот на текстот, Пистонси сигурно чувствуваат потреба да им покажат на сите дека после овој трејд се само посилни, што и ќе бидат кога ќе им се врати назад и Мекдајс за месец дена. Против Бостон пукнаа, ама како што Ајверсон ќе се воигрува со новите соиграчи, така и ќе бидат поопасни. Не викам дека можат да одат до крајот, ама начинот на кој функционираат мозоците на Рашид и Ајверсон се уште се енигма, така да ако им се спојат жичките тие можат да изненадат секого.
Плус, тоа би било одлично збогување пред пензија за Шид, кој сум сигурен дека ќе се пензионира ако Детроит ја освои титулата. Но, има време за тоа.
Топ 10 не ставам, зашто не го бива, исто како и прегледот.
5 comments November 15th, 2008