Archive for November 14th, 2008

А, каде е Артест?

Во Феникс во средата имаше гужва (не викам тепачка, зашто никој никого не удри) меѓу Санси и Рокетси, предизвикана од не баш спортскиот и од не баш спортската реакција на Алстон. Плејот на Хјустон не го прими баш најдобро тоа што Барнс се обиде да помине низ него во блокот, па одлучи наместо судиите тој да си дели некохја своја правда. И тоа кога неговиот тим имаше плус 19. Зошто Барнс реагираше така, разбирам, но тоа не вроди со плод и не ги разбуди Санси, но зашто Алстон реагираше на тој начин, не знам, можеби се разбуди њујоршкиот баскет дух во него. После можеме да ги видиме Нешти, Трејси, Јаоза и Шек во целата гужва, но едно име фалеше како капак на целата гужва - Рон Артест, кој за чудо немаше никаков удел во целата гужва. Апчињата за смирување мора да делуваат.

И иако не беше нешто посебно целиот инцидент, Комишот од пред некое време кажа дека нема да толерира никакви испади, па и вакви - без удари, така да за очекување е казна или суспензија за главните актери.

6 comments November 14th, 2008

Тешко без Нет

Што ти прави еден ден без нет. Фала, кејблтел…Повелете две видеа, првото е вчерашниот Топ 10 кој од оправдани причини не можев да го постирам, додека после него следува неделниот преглед на 10-те најатрактивни потези. Уживајте. Посебно во потезите на Леброн. Нормален пост - покасно.

4 comments November 14th, 2008


Календар

November 2008
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории