Archive for November 8th, 2008

Две до четири недели

Две до четири недели е она што сабајлево го слушнаа со не баш големо воодушевување во Сан Антонио и Атланта. Посебно разочарување имаше во Аламо каде кај го загубија својот најдобар играч сезонава, него и загубија од не баш јакиот Мајами за продолжување на мизерниот старт. Сега без Ману и Тончи стварно не знам кого ќе победат Спарси. Тимчо е робот, но не е робокап.

Во Атланта на ист период го загубија Џош Смит, ама барем убедливо ги победија Канадиенси. Џош е битен фактор во Хоукси, но не е клучен, а посебно сезонава (до сега) ме импресионираа резервите Мо Еванс и Флип Мареј, кои не самл што целосно го надокнадија ефектот на Афрото гладно за гиро, него и им дадоа нова димензија на Хоукси. Можеби ќе биде малце потешко без Џош и сигурно нема уште долго да бидат без пораз, ама и тоа како има знаци за оптимизам во Џорџија, каде и арената почна да се полни.

Еве го и Топ 10 од синоќа, кој барем според мене е конечно првиот стварно добар и комплетен Топ 10 оваа сезона. Иако како и секогаш, во зависност од вкусот, некои позиции би биле сменети на листата

13 comments November 8th, 2008


Календар

November 2008
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории