Archive for November 5th, 2008

А што со Тинсли?, Кеј-Џеј за градоначалник, Шек Деди и 0-3 на Спарси

Photobucket

Некако со целава работа со трејдов на Билапс во Денвер и Ајверсон во Детроит вчера заборавив да го спомнам Џамал Тинсли, кој веројатно е најпогоден од овој дил. До пред некоја недела Тинсли беше најблиску до трејд во Денвер, но Нагетси се мислеа и мислеа, и на крајот видовме што смислија, донесувајќи далеку подобра одлука.

Сега Тинсли останува практично без екипа, зошто Пејсерси не го сакаат и тој не ни тренира со нив, а пак останува врзан за нив со договор до 2011. година. Индијана не ни размислува да му ја учини таа услуга да му го откупи договорот, што го остава во небрано. На неколку екипи во лигата, како на пример Мајами, Голден Стејт, Њујорк…им е потребен плеј, но не верувам дека Мајами ќе се одлучи на трејд за Тинсли со оглед на неколкуте солидни млади плејмејкери кои ги има, а тука игра улога и договорот на Џамал. Никси веќе си имаат еден преплатен плеј кој не е дел од екипата и со кој не знаат што да прават, додека не верувам дека Бирд би го земал пак Ал Херингтон во Индијана.

* * * * * * * *

Кампањата “Кевин Џонсон за градоначалник“, конечно успеа и некогашниот плеј на Феникс и официјално е новиот градоначалник на Сакраменто. Колку тоа ќе им користи на Кингси, не знам, но знам дека им е очајно потребна нова арена со оглед на староста и малиот капацитет за денешната НБА на Арко. Тоа што Кеј-Џеј е добар пријател со Малуфите секако дека не е на одмет.

* * * * * * * *

Шек Деди!!!

* * * * * * * * *

Сан Антонио за прв пат откако клубот е дел од НБА, односно за прв пат по 35 години, има стартен скор од 0-3. Изгледа Ману им недостига повеќе отколку што можеме да замислиме. Ако не се оправат изгледа ништо од правилото на Непарна година.

6 comments November 5th, 2008


Календар

November 2008
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории