Толку време ме немаше. па викам ај да удрам едно видео частење. Првиот клип е “асистенцијата“ на Одом до Вујачиќ, кој онака, за комплетно зезање требаше да шутне. Вториот е задњата реклама на Најк за новата сезона со Леброн и неговата пудра, а третата е Коби во улога на рокер. Заедно со Мајкл Фелпс, Алекс Родригез и…Тони Хок.
October 31st, 2008
МакНБА ја нема кога најмногу треба да ја има. Ете, некои од вас почнаа и да не караат веднаш штом чичко Интернет одлучи дека е време да почнеме пак да функционираме, па ни дозволи пак коментирање и логирање. Сервери, шмервери. Кој знае до што е. Викендов би требало се да се среди, да не мислите дека овие скроз ја баталија МакНБА или па дека оној наслов “Доста е“ има некое скриено значење (мада несакајќи ептен се поклопи со блекаутов).
И од кај сега да почнам, пред да се деси затемнувањево планирав да ги постиран најавите за секој од 30-те клуба одвоено кои ги пишував за во весник, ама сега тоа ми делува бајато, посебно ако се знае дека ќе треба да ги фурам до крај на ноември. Претсезоната ко претсезона, си помина без многу помпа, а и немаше некој посебно интересен потег кога се во врска нови договори или трејдови (освен што Бајнам и менаџерот си бараа 90 милиони од Лејкерси, а добија 58).
Така да, нека биде ова стартен пост за после блекаутот со слика од најголемиот фраер во лигата. Покасно ќе следи вистински пост. Ако чичко Интернет не заѕвони пак кај нас.
October 31st, 2008