Archive for October 14th, 2008

Во борба, грчко афро, зглобовите на Коби и бруката на Херис

Полека да почнеме да се враќаме во стариот ритам, овој пат со неколку видеа.

Рукито Бил Вокер буквално ја сфати задачата дека треба да се избори за своето место во тимот на Бостон. Ај што пред некој ден непотребно се скачка со Леброн, Вокер немањето самоконтрола (и почит кон оние кои подолго се во лигата) на неколку пати го искажа и против Хјустон успевајќи (заедно со Хаус) да го изнервира и успаниот Трејси, па и Јаоза. Да беше Артест некоја година помлад и полуд, сигурно ќе го спуштеше малку на земја Вокер. Буквално.

Да не биде дека Афрото е заборавен, иако факт е дека сите приказни ова лето за егзодусот на НБА ѕвезди во Европа беа претерани. Пред се затоа што ни една НБА ѕвезда не се ни пресели во Европа. А и Чилдрес навистина ќе биде заборавен. Барем оваа сезона. Ако ништо друго, куцањево му е солидно.

Прашајте го Бено како се остава Коби без зглобови.

А после тоа прашајте го Девин Херис како се игра баскет во Лондон.

5 comments October 14th, 2008


Календар

October 2008
M T W T F S S
« Sep   Nov »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Архива

Категории