Archive for October 13th, 2008

Во Домот на Дражен 2

Photobucket

Посетата на Загреб минатата недела не беше заради нешто убаво, но на крајот сепак успеав да ја искористам за нешто убаво…иако и тоа убаво ми остави некој горчлив вкус во устата. Тоа посебно се однесува на 10-минутниот документарец кој ни го пуштија, иако бевме единствени посетители во музејот во тој момент, а филмот се пушта само за групни посети. Секој кој бил таму и го гледал знае за што зборувам, а за оние кои не биле, ќе се обидам да ви доловам со неколку збора.

Филмот, како и целиот музеј, е посветен на неколкуте фази на Дражен, пред се на клупските и репрезентативната (со СФРЈ и Хрватска). Се сконцентрира на најпознатите наслови по локалните медиуми, најпознатите клипови и најголемите признанија од секоја фаза одвоено. Си има и свој посебен вовед и свој посебен епилог, а се добива на уште поголема тежина кога знаете дека на само неколку метри од вас седи мајка му на Дражен.

Со мама Бисерка се запознав и направив мал муабет, иако во најголема мерка ни самиот не знаев што да ја прашам, веројатно од сета стравопочит кон Дражен и кон мајката на еден таков великан. Таа беше среќна што среќава некој од Македонија, која секогаш ја памти по убави работи и која, како што кажа мама Бисерка - Отсекогаш имала посебно место во срцето на Дражен.

Медалите, последните патики, сите дресови кои ги носел, личната карта која ја имате на сликата, а која беше издадена на 07.06.1983 год. и истекуваше на истиот датум десет години подоцна, истиот датум кога загина, сите признанија, за кои немаа доволно место да ги сместат во музејот и сите сеќавања и чувства кои целиот тој микс ги предизвикува ми беа доволни да ја издржам таа посета, иако не бев во најдобра физичка кондиција.

Сепак, кој знае кога пак ќе ми се пружи можност пак да го видам Домот на Дражен и да се запознаам со жената која го роди Најголемиот европски играч на сите времиња.

3 comments October 13th, 2008


Календар

October 2008
M T W T F S S
« Sep   Nov »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Архива

Категории