Archive for September 25th, 2008

Си биле Риф, Стеф, црвените Бакси, Супермен и Жилберто

Последниве неколку дена ама баш ништо посебно не се дешаваше во НБА, па затоа и Врба и нашите момци останаа главен пост на подолго време. А и заслужија. Плус, луфтата во НБА дешавките (како и малце подобрата здравствена состојба) ја искористив да ја напишам најавата за новата сезона (при крај сум) за ЕСпорт, каде од следниот месец и самата НБА прави камбек.

Photobucket

Од она што се случуваше последниве неколку дена, секако дека гласините околу иднината на Стефон Марбери беа топ тема, а веста за пензионирањето на Шариф Абдур-Рахим помина како и кариерата на Риф, без доволно внимание од медиумите, иако момакот со својот талент, па и со своите игри, барем до пред две-три години, го заслужуваше тоа. Од играчка гледна точка, Риф беше една од најкомплетните “четворки“ во Лигата одреден период, но имаше кај него една ствар која секогаш ми пречеше, посебно кога беше дел од Хоукси. Момакот едноставно не беше роден за лидер, а токму тоа неколку екипи го очекуваа од него. Кога сите сфатија дека од тоа нема ништо, веќе беше предоцна. Коленото си ја направи непоправливата штета, за на крај да биде и главна причина за неговото пензионирање по 12 НБА сезони.

Ми текнуе на една утакмица која ја гледав во живо, можеби зашто средбите на Атланта на ТВ последниве 10 години беа ретки ко брадата на Шеп, во која Риф целосно го растури Данкан, а Хоукси го изненадија тогаш големиот тим на Спарси…Среќна пензија, Риф, веројатно ќе имаш пари за лекови за хроничните болки во коленото.

———————-

Го спомнав и Марбери, на кого типично за Њујорк, еден ден ќе му биде откупен договорот, следниот Волш изјавува дека тоа нема врска, за потоа Стеф да си каже дека нема да се согласи на никаков откуп - само трејд или да му ги исплатат сите пари кои му остануваат од договорот, па да си биде слободен играч.

“There wouldn’t be no negotiation,” Marbury said. “They’re going to give me all my money. … If they want to waive me and give me all my money, fine. If not, I’ll try to help this organization win the championship. They told me to come to camp in the best shape of my life, and I did that. But I don’t want to be in a place I’m not wanted.”

Тешко фраериште.

Како опции, ако стварно дојде до заминување од Никси, на различни места видов дека се спомнуваат различни екипи, од кои добар дел немаат апсолутно никаква логика. Како на пример Сан Антонио, каде Попович никогаш не би си дозволил да си има работа со некој како Стефон. Истото се однесува и на Бостон, кој нема потреба да ја менува шампионската хемија, а тука е и “пријателството“ уште од Минесота со Гарнет. Иако сменет Марбери би можел да биде интересен во зелено.

Се спомнуваат и Клиперси, кои веќе ги имаат Берон и Џејсон Вилијамс, како и рукито Ерик Гордон на таа позиција, а и Булси во некаков трејд за Бен Гордон. Не знам само кој можел воопшто да помисли на таква алтернатива кога на Чикаго би му останале Роуз и Хајнрих.

Сево ова го остава Мајами како единствена реална опција. Немањето никаков плеј е голем проблем за тимот на Споелстра, па Марбери би можел да биде некакво решение за таа дупка во тимот. Плус, таму нема да се очекува да биде прва ѕвезда. Се знае кој е газда во Мајами.

———————-

Photobucket

За крај новите гостински дресови на Милвоки (како втора опција). Од кај отидоа на црвено, не знам, ама важно го немаат она еленот на тоа гадниот темно зелен дрес кој го фураа во времето на Биг Дог.

Photobucket

Плус, новиот дрес на Орландо, кој ги врати пижама линиите од 90-те.

ПС: А и Аринас нема да игра веројатно во првите два месеци од сезоната, ако не и повеќе. Добро за него што се согласи летово наместо 127 да им земе 111 милиончиња на Визардси.

11 comments September 25th, 2008


Календар

September 2008
M T W T F S S
« Aug   Oct »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Архива

Категории