Лидер, ама и Флопер
Неколку дена не бев баш ОК, барем не за постирање. Она што е најважно е дека имавме среќа и успеавме точно со потребните два поени да ја победиме Летонија и да се ставиме во позиција сами да решаваме за тоа дали ќе бидеме први или не, Како што реков порано, квалитет имаме, но ни недостигаат некои други работи кои Летонциве некако баш ни ги исфрлија на површина. И тоа на двата дуела, и кај нив и кај нас.
Ни фали ЛИДЕР. Вокален лидер. Некој кој ќе знае да му се втурне на секого од нашите во фаца кога овој не е целосно ментално на теренот, но и лидер кој кога е најтесно ќе повлече и ќе не извади од гом…од најгустите ситуации. Во моментов имаме еден човек на кого тоа паѓа, а тоа е Врба, но познавајќи го како тивок и повлечен тип, се молам бргу некој друг од нашиве да пушти муда до ЕУРО во Полска. Сепак, гледајќи го списокот на Јовица, некако не ми се гледа некој таков лик. Има понекој кој ќе викне, ама понекој кој знае кога да повлече, а кога да застане.
Имаме и др. мани, но и доста позитивни страни. Тоа е нешто што ни дава надеж за во Полска.
Но, тоа сега не ни е проблем. Целосно треба да им се посветиме на Португал и Естонија, кои можеме и мораме да ги добиеме.
————————
Да не биде постот без исмевање на некого, еве го најдобриот флопер во историјата на НБА. Најсмешното е тоа што и самиот Комиш му ја признава таа титула на Владиаторот.
20 comments September 16th, 2008