Archive for August, 2008

За наш мерак, скоцкано и Заза за мир

Photobucket

Сите го претставија тоа како одмазда, иако тоа не е. Сепак е плескање на јужњаците кое барем мене, а верувам и на повеќето од вас, ми направи ептен ќеф. Јужњаците се тим кој не може да се носи со овој состав на САД, а и онаа победа која се деси во Саитама е нешто што би им пошло од рака еднаш во 100 обиди.

Јужњаците едноставно немаат сила под кошот со која би можеле да ги успорат Америте или пак да го стават нивниот единствен центар во проблеми со лични. Вака, и Крис Бош доминираше во рекетот покрај неподвижниот 160-килаш Софоклис и другиот им центар со мутава фаца.

Баш заради тоа она што се игра утре е вистинскиот тест за силата на Америте, зошто светскиот првак е вистинскиот противник кој ги има сите елементи кои можат да бидат проблем за момците на Кшижевски. Мечот  не е решавачки, ама носи голема психолошка тежина со себе.

Од другото што се дешаваше вчера (а јас не можев да го следам со пост вчера од оправдани причини), Русите и Литванците одиграа меч кој беше пример како се игра без никаква концепција, посебно не во нападот, додека коцкасите кои ги пофалив претходно беа скоцкани од страна на дружината на Ману. Аргентина, како по обичај, има јак тим, ама мислам дека нема да стигнат до финале само заради многу послабата клупа од порано. До пред година дена тип како оној Гозналес ќе немаше место во овој тим.

————————-

На малку посериозна нота, единствениот Грузиец во НБА, Заза Пачулиа, во обид да се апелира за мир во својата земја се појави и на СNN каде јасно укажа на тоа што се дешава во Грузија и кој е крив за целата ситуација. Но, ко што викаат старите “сила Бога не моли“. Ќе биде интересно кога ќе играат Атланта - Јута сезонава.

Photobucket

ПС: Мо Вилијамс во Кливленд, Џенаро Парго во Динамо Москва

12 comments August 15th, 2008

Коцкасто

Photobucket

За денес волку, не сум баш ОК, само слика од најголемото изненадување до сега. Русите ми се сумњив тим и онака, иако се актуелни Еуро шампиони. Шпанците преку мушка игра на Пау се спасија од голем срам, а Америте никако да импресионираат. Ману и другарите ја растурија Австралија, а Богут, исто како и Џианлиан, пак покажа дека е ептен преценет играч.

9 comments August 12th, 2008

Свету, запознај се со Рики

Photobucket

Прв пат за Рики Рубио слушнав пред година и пол - две, кога ретко кој надвор од Бадалона и од Шпанија знаеше кој е тинејџерот зад тоа име. Главни виновници беа СЛЕМ и Ленг Витакер, кои некако успеаја да поминат еден ден со Рики, кој тогаш, а и после тоа, за да биде заштитен од медиумите, имаше забрана од неговите родители за било какви интервјуа. Сепак, СЛЕМ успеа да стигне до него и тогаш почнав да се интересирам за новиот јуро-вундеркинд од земјата која во моментов има генерација која во многу потсетува на онаа стара Ју-школа.

(Пред некој месец од ЕСПН магазинот се испуваа и испофалија дека се првите во светот кои направиле интервју со големиот талент Рики Рубио, што само го потврди моето “високо“ мислење за нивните новинари. Не сите, разбира се.)

Него, сега си викате што сум се фатил за Рики…Е па, денес светот за првпат се запозна со следниот голем играч, а  малиот иако не играше многу имаше голем удел во мерачката победа на Шпанија над оние јужно од нас. Баш тој дуел ми направи најмногу ќеф денеска на отварањето на турнирот, иако реално гледано Литва и Аргентина беше вистинскиот мерак и за мене мало изненадување.

Хрватска со млад тим покажа голема зрелост, а се ми се чини дека причина за добрата атмосфера кај нив е неиграњето на мрчалото Гиричек.

Америте, без никакво изненадување, настрана првите 20 мин. немаа многу мака со домачините, кои кога им секна трицата не знаеја што со себе. Нормално дека имаше опуштање кај Америте, ама такво нешто не смее да им се деси против Шпанија или јужниот сосед. Кина не е мерило за тоа колку е некој јак, но Америте работава мораат да ја сфатат како мисија чекор по чекор, иако имам мал сомнеж за нивната игра во рекетот, каде се тенки ко Крис Бош. Ако го наметнат својот ритам со летање по теренот преку Вејд и Леброн, а и Дерон и Пол, тогаш имаат шанси да го вратат златото. Ако влезат во позициона игра со тим како Шпанија со инсистирање на игра во рекетот, тогаш може да биде густо.

Иначе, Коби и Мело беа “страшни“ денеска. Од друга страна, убаво беше да се види Вејд опоравен.

8 comments August 10th, 2008

Летот продолжува

Photobucket

Добро е. Конечно една брза и паметна одлука на управата на Атланта, откако групата од 2365341 газди на тимот не губеа ни еден ден во пронаоѓањето едногласно решение за задржување на својата иднина. Откако Мемфис му понуди 58 милиончиња на Џош Смит за пет години. Понуда на која веројатно рекоа АМИН во Џорџија, каде се плашеа дека ќе мораат да го одврзат ќесето малку повеќе за да го задржат Смит (70 мил. како Чикаго со Денг).

По загубата на имењакот на Смит, Чилдрес (или Чајлдрес - како го имаше по некои од нашиве весници), Хоукси не смееја да си дозволат да го изгубат и Смит, зошто тоа ќе значеше дефинитивно враќање во подрумот на Истокот каде беа долго време. Вака, тие остануваат еден од тимовите кои ќе се борат за последните плеј-оф места во својата конференција со цела сезона со Мајк Биби на плеј и позрели млади играчи.

6 comments August 9th, 2008

$е е во рејтингот

Без изненадување околу тоа која ќе биде главната НБА атракција за Иксмас.

ПС:Вовед ќе бидат Двајт и Крис Пол, што може да испадне поинтересно.

17 comments August 5th, 2008

И Леброн ќе игра сиртаки?

Photobucket

Olympiakos is considering a run at LeBron James when he becomes a free agent in 2010, according to a source close to Sports Illustrated’s Ian Thomsen.As a free agent in 2010, his new contract in the NBA would start at less than $20 million annually.

The owners of Olympiakos already lose millions annually on their player payroll. It may be worthwhile to them to lose $40 million or more in exchange for the grandeur of LeBron.

Остатокот ТУКА.

Ако доларот продолжи да ја губи битката со еврото, се е можно, иако е тешко за верување дека некој како Леброн, кој 2010 година ќе почне да влегува во своите најзрели играчки години (можете да замислите колку ќе биде тоа страшно кога на оваа возраст е еден од двајцата најдобри во лигата) би се одлучил за Европа.

Ова е чисто меѓусебна битка за престиж помеѓу пребогатите газди на европските клубови и ништо друго. Ако тоа им успева во фудбалот, тешко дека ќе им успее и во баскетот.

Имињата кои летово преминаа во Европа всушност си се вратија од кај што дојдоа, а исклучок е Чилдрес, кој најде начин да ја изигра никаквата управа на Хоукси, иако не знам дали направи паметен потег од играчки аспект. Финансиски секако дека ќе му се исплати.

Назад на Леброн. Многу поверојатно е дека тој, доколку за две години одлучи да си оди од Кливленд, тоа да биде во Бруклин Нетси, кај својот добар другар Џеј-Зи.

22 comments August 2nd, 2008

Кој?

Главното прашање е на самиот старт од клипот, мада и остатокот вреди да се изгледа. Чисто ради Мајкл (и двете куцања на крајот од Најголемиот на негови 45. години).

Кај мене нема сомнеж кој би бил бољи со двајцата во најдобри години, мада кога би размислил малку подобро, можеби би требало да има.

Знаеме дека овде врие од фанови на Кобстерот, мада има и добар дел од претставници на генерацијата на Мајкл. Нека почне препукувањето.

29 comments August 2nd, 2008

Next Posts


Календар

August 2008
M T W T F S S
« Jul   Sep »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Архива

Категории