Одлета “Патката“
Ритрај не ме ни остави да постирам на мира…
Некои од вас веројатно видоа дека на само 44 години почина некогашн иот центар на Блејзерси, Кевин Дакворт. Оние кои се помлади меѓу вас, ова име сигурно не им значи ништо, но оние од нас, кои НБА почнаа да ја пратат со првата преселба на (Југо)Словените преку барата кон крајот на 80-те, Кевин е неизбежна фигура.
Сега стварно не сум во состојба да напишам нешто повеќе за Патката, иако едно ми има останато во главата, а тоа е дека тој за Портланд беше oна што за Детроит беше Бил Лејмбир. Работник кој гинеше на теренот свесен за недостигот на својот талент во однос на остатокот од првите пет.
Нека му е лесна.
8 comments August 26th, 2008
