Бидна и тоа

Како некој да се сомневаше во целава работа. Да, Америте немаа доволен број квалитетни високи играчи, ама затоа ги имаа Леброн, Вејд и Коби. Па после и Пол, Хауард и Бош. И што е најважно, за разлика од минатите натпреварувања кога тие гледаа да направат состав со кој би им се прилагодиле на интернационалните правила и ФИБА стилот на игра, овој пат тие си ја играа својата, НБА, игра, покажувајќи каде се игра најдобрата и најатрактивната кошарка на светот и каде играат најголемите светски ѕвезди.
Тоа мене лично никогаш не ми било спорно, ама има такви кои со се срце му се радуваа на секој неуспех на Америте изминативе години, не согледувајќи го фактот дека после Сиднеј, Америте до сега немаа испратено вистински НБА тим на едно натпреварување. Ви текнува само на првите пет од Атина пред четири години? Марбери, Ајверсон, Џеферсон, Одом и Данкан. И се тоа под водство на Лери Браун. Не знам дали воопшто треба да се коментира оваа петорка, посебно не тоа дека прв плеј беше Марбери, тројка - Џеферсон, а на четворка го имаа Одом, кој според многу од фановите на Лејкерси, не смее тоа да биде ни во својот тим.
Но, да ги баталиме нив. Муабетот е за оваа група момци сега, која што е најстрашно можеше да биде уште посилна (Амари, Гарнет?). Не сакам да мислите дека сум некој амерофил (тоа е зборот, нели?), но едноствано мора да им се симне капа на најдобрите. Исто како што мора да им се признае на одличната борба на Шпанците, кои дадоа се од себе, а и го немаа Калдерон. А и Аргентинците, кои ги газеа Литванците и заслужено се трети. Кога се повреди Ману во полуфиналето, не ми беше страв дека ќе гледаме слабо полуфинале, туку ми бепе страв дека тим како Литванија ќе биде трети. Но, одличниот на овие ОИ, Делфино и Скола играа и за Ману.
Следните ОИ се 2012 во Лондон, но пред тоа имаме СП за две години на кое сум сигурен дека Америте ќе гледаат да си ја вратат двојната круна. Судејќи според младоста на овие момци и желбата и енергијата која ја покажаа, тоа и нема да биде така тешко.
27 comments August 24th, 2008