Archive for August 10th, 2008

Свету, запознај се со Рики

Photobucket

Прв пат за Рики Рубио слушнав пред година и пол - две, кога ретко кој надвор од Бадалона и од Шпанија знаеше кој е тинејџерот зад тоа име. Главни виновници беа СЛЕМ и Ленг Витакер, кои некако успеаја да поминат еден ден со Рики, кој тогаш, а и после тоа, за да биде заштитен од медиумите, имаше забрана од неговите родители за било какви интервјуа. Сепак, СЛЕМ успеа да стигне до него и тогаш почнав да се интересирам за новиот јуро-вундеркинд од земјата која во моментов има генерација која во многу потсетува на онаа стара Ју-школа.

(Пред некој месец од ЕСПН магазинот се испуваа и испофалија дека се првите во светот кои направиле интервју со големиот талент Рики Рубио, што само го потврди моето “високо“ мислење за нивните новинари. Не сите, разбира се.)

Него, сега си викате што сум се фатил за Рики…Е па, денес светот за првпат се запозна со следниот голем играч, а  малиот иако не играше многу имаше голем удел во мерачката победа на Шпанија над оние јужно од нас. Баш тој дуел ми направи најмногу ќеф денеска на отварањето на турнирот, иако реално гледано Литва и Аргентина беше вистинскиот мерак и за мене мало изненадување.

Хрватска со млад тим покажа голема зрелост, а се ми се чини дека причина за добрата атмосфера кај нив е неиграњето на мрчалото Гиричек.

Америте, без никакво изненадување, настрана првите 20 мин. немаа многу мака со домачините, кои кога им секна трицата не знаеја што со себе. Нормално дека имаше опуштање кај Америте, ама такво нешто не смее да им се деси против Шпанија или јужниот сосед. Кина не е мерило за тоа колку е некој јак, но Америте работава мораат да ја сфатат како мисија чекор по чекор, иако имам мал сомнеж за нивната игра во рекетот, каде се тенки ко Крис Бош. Ако го наметнат својот ритам со летање по теренот преку Вејд и Леброн, а и Дерон и Пол, тогаш имаат шанси да го вратат златото. Ако влезат во позициона игра со тим како Шпанија со инсистирање на игра во рекетот, тогаш може да биде густо.

Иначе, Коби и Мело беа “страшни“ денеска. Од друга страна, убаво беше да се види Вејд опоравен.

8 comments August 10th, 2008


Календар

August 2008
M T W T F S S
« Jul   Sep »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Архива

Категории