Archive for July, 2008

Не баш шампионски ден за Бостон

Photobucket

Бостон си го загуби најдобриот шести човек и играчот кој со неколкуте клучни тројки одигра голема улога во освојувањето на првата титула по 1986 година. А само поради тоа што наместо четири години, Дени Ејнџ на Поузи му понуди договор од две-три сезони со цел да не плаќа поголем данок на луксуз.

Е сеа, поради тоа штедење веќе го нема играчот кој ја врзуваше клупата и стартерите, кој играше голема улога во одбраната, чувајќи се од двојка до четворка и играчот за кого Селтикси во составот немаат замена. А ни на пазарот на слободни играчи Ејнџ нема да може да најде адекватна замена, зашто кај нема пари, кај нема веќе ни квалитетни опции.

Поузи пак, кој има две титули во последните три години, сега се сели во Њу Орлеанс за следните четири години вредни 25 милиони. Сума која кога ќе видите што му носи на тимот и кога ќе видите какви играчи заработуваат многу повеќе, е сосема прифатлива за Хорнетси. Тимот на Крис Пол доби играч каков им требаше и кој би можел да го исфрли Мо Питерсон од првите пет, иако јас би го оставил како прва резерва.

Лејкерси сега ќе мораат четири пати, наместо два да се гледаат со Поузи, кој со тројките со неправилни нозе ги уби во финалето.

Да биде работата за шампионот уште потрагична, тие успеаја да ја загубат трката за Тајрон Лу кој одлучи да отиде во Милвоки. Сега немаат ни резервен плеј откако и И-Ти е во потрага по нов тим, кој ако не го најде ќе си се врати дома на својата планета…или пак ќе стане помошен тренер негде.

2 comments July 17th, 2008

Кемби за џабе


camby

 


Клиперси и дефинитивно станаа најактивниот и тимот за кој најмногу се зборува ова лето откако после ангажманот на Берон и наивното губење на Елтон, успеаја да го добија Маркус Кемби од Денвер за апсолутно ништо. Кој би рекол дека управата на Клиперси е способна за такво нешто.

Во потег кој во Денвер го објаснуваат чисто како намалување на трошоците, иако е крајно глупав од нивна страна, Нагетси се откажаа од својот единствен играч кој играше одбрана и од својот единствен центар (Нене не е центар, колку и да се труди момакот, а и е подложен на здравствени проблеми). Сега Денвер, кој активно бараше плеј на пазарот, ќе мора да бара и стартен центар. Во размена за Кемби тие го добија правото да ги разменат драфт правата во втората рунда од драфтот 2010 година, како и олеснување на селари капот од 20 милиони за следните две сезони.

По се изгледа во Денвер сфатија дека и онака не ги бива, посебно не во одбраната, па си рекоа ајде барем да си ги намалиме трошоците. На и онака силниот Запад првата рунда и претходно им беше максимум и тоа нема да се смени, ако воопшто играат плеј-оф догодина.

Клиперси пак, доколку самиот 34-годишен Кемби успее да ги избегне повредите (што му успеваше последниве две сезони) сега имаат опасен тандем во рекетот во Кемби и Кејвмен, под услов Маркус да се потсети на некои минати времиња кога играше на “четворка“. Ова значи и дека нема да има нешто од гласините дека Клиперси ќе испратат понуди до Џош Смит или Андре Игудала, но сепак е добар потег кој може и тоа како да им се исплати. Маркус нема да биде тип како Елтон кој ќе им носи 20-10 секоја вечер, но во комбинација со Кејвмен во рекетот и Берон надвор може да ги направи Клиперси еден од оние тимови кои ќе се борат за осмото место на Западот.

Кога веќе ги спомнувам Нагетси, тие доживеаја уште еден удар откако Рон Артест јавно изјави дека нема никаква желба да игра за нив, иако овие едно време, а изгледа и пак се загреани за него. Само не ми е јасно на која позиција би играл Рон кај Нагетси кои на “тројка“ го имаат Кармело.

Плус, ете им го сега неупотребливиот Кенјон Мартин и неговите 14 милиони за следната сезона, договор кој ги кочи и ќе продолжи тоа да го прави и во иднина.

Чудна некоја вода пијат во управата на Денвер.

3 comments July 16th, 2008

Рон-Рон ја сака жолтата боја

Photobucket

Рон Артест ни кога бил во најдобра психичка состојба не можел да се нарече - Нормален, така да се што е поврзано со него мора да се земе со доза на резерва. Човекот имаше шанса исто како и Берон, Елтон или Жилберто ова лето да си стане слободен во изборот на следниот клуб, ама одлучи, од само нему познати прилини (мада не сум сигурен дека и самиот бил свесен каква грешка прави) да не ја искористи таа опција.

Неколку дена после истекот на рокот за користење на таа опција, Рон даде неколку изјави во кои жалеше за пропуштената можност, а веднаш после тоа и и се извини на управата на Кингси за тие свои изјави. Шизофреник до даска.

Е сега, Рон го спомнувам, затоа што тој веќе некои недела дена е поврзуван со разни трејдови од кои најреален е оној во Лејкерси кои во размена за него на комшиите им го понудија Ламар Одом. Јасно ми е зошто Лејкерси би се одлучиле на ваков потег, кој според мене би можел да им донесе многу повеќе од тоа што би им го одземал. Посебно земајќи ја во предвид историјата на Фил Џексон со ликови како Артест.

Плус, тој би играл на тројка и не би се створил проблем со тоа кој да игра од триото Одом-Пау-Бајнам, под услов задњиов целосно да се опорави.

Еве дел од задњите изјави на Рон-Рон:

“It’s weird because [the] Maloofs [were] high on me [after] the initial trade,” Artest said, referring to the January 2006 deal that brought him from the Pacers to the Kings. “But during this opt-out time in my career I have not heard from them. That should have been a sign to me that my future in [Sacramento] is N/A or undetermined.”

“In a way I wish this [coming 2008-09 season] would have been [Reggie Theus’] first year, and [Rick Adelman] would have left this summer because it could have showed how much [of] a winner I am. Guys like Adelman and Rick Carlisle [brought] that out of me. Isiah [Thomas] was going to bring that out of me if he didn’t get fired [by the Knicks]. A coach like Phil Jackson can bring that out me.”

7 comments July 14th, 2008

15 години без Дражен…

Ова му доаѓа нешто како ре-принт, ама не е.

Од добро познати причини, изминатиот 07.06. не можев да го направам она што го правев секој 07.06. од постоењето на МакНБА, а тоа е одбележувањето на денот по кој вече ништо не беше исто во светот на кошарката.   Денот кога не напушти најголемиот европски играч, кошаркарскиот Моцарт - Дражен Петровиќ. Веќе имам доста пишувано за мојата поврзаност со Петро и што тоа ми значи мене, а и на цела една генерација малку постара од мене.

Photobucket

Оваа година беа обележани цели 15 години како светот е посиромашен за Дражен.

Како потсетник, текстот кој лани ми го испрати Џиги, кој е малку постар од мене и кој беше дел од онаа генерација која буквално растеше со Петро.

In Jiggy’s words: 

14 години… (сега се веќе 15.)… Човече, сеуште го памтам денот потоа. Тогаш вестите споро патуваа.

Сабајлето отидов да купам леб и се сретнав со комшијата Свето кој ми се смееше неколку дена претходно дека сме губеле (Македонија) од Ајвар Кузма, Герт Куламае и остала Естонска братија и од смешниот Мурешан и уште посмешните Романци. Тоа беше веднаш после Вроцлав и првиот настап на Македонија со Пеце, Медиќ, Боцевски, Михајловски, Перо Настев, Давитков, Сотировски, Ристо Јаневски…со Ацика на клупа. Комшијата ми кажа за Дражен, а јас онака во невера, помислив, овој појма нема, кој знае кој Петровиќ загинал во сообраќајка.

, искрено, помислив, можда е Ацо.. а ми текна и на Бобан Петровиќ, еден одличен играч на Партизан и Олимпија, инаку од Чачак мислам.

Ако не се лажам, Дражен еден од последните настапи во кариера го имаше против Македонија, последниот кош од слободно, 20-ти на мечот, ако добро памтам.

Со другите копиљаци у маало на кош само за тоа зборевме. Еј, Дражен бе, не е могуќе.. Не игравме, не знам зошто. Не ни шутиравме, па, да не бидам патетичен, ама мислам и дека не го ни погледнувавме обрачот. Стоевме под кошот, а баскетот го држевме под нога. Стоевме и зборевме за тоа дека немаше потреба да оди во НБА, затоа што Европа остана осакатена во тие години без него.

Па после Мисирот рече дека ќе потпишуел за Олимпијакос наводно, демек, доста се докажуел со црнците, ќе мавнел добра пара у лаганица живот. Он читаше Журнал.

Еј, абе не е можно дека женска го возела и убила. Можда нашиве новинари грешно пренесуваат, можда е у кома и ќе се разбуди. Мајка му на Цвик не вика од прозор, на вести покажале 3-4 фотографии од сударот у Германија. Камионџијата го колневме као смртен непријател, крвник.

Тие 3-4 слики ги памтам и ден денес до детал. Со пробиената банкина и шлеперот од другата страна на автопатот со 6 ленти. Дожд и магла. Луѓе во жолти шушкавец јакни, полицајци ли, пожарникари ли..

Останавме до долго во ноќта на кошот, замислувајќи си дека сега Америка сега нема кој да ја тепа. Макар и во егзибициски меч, Дражен беш клучот за се. Потоа муабетот прејде на бескрајното одбројување на идеалните 12 во репрезентацијата на екс-Југославија, која сигуно би го победила дрим-тимот една година претходно.

Тогаш, не му давав на Боксер да ги става Галис и Сабонис во тимот како појачања, а дилемата Даниловиќ или Комазец, да бидам искрен ми стои и денес кога размислувам за кошарката што ја вдишувавме во 80-те. Останатите беа неприкосновени, Дражен, Перасовиќ, Ѓорѓевиќ, Кукоч, Паспаљ, Здовц, Вранковиќ, Дивац, Савиќ, Раѓа и Зоки Јовановиќ.

Утредента веќе беше скршена секоја дури и микроскопска надеж. Ги видовме Ацо, Јоле и Бисерка во црно и во солзи. Соочувањето со вистината беше болно, доволно нам тогаш, копиљаци од маалски асфалт, да ни покаже колку е безвреден и чуден животот.

За такви играчи душа боли и ден денес…

23 comments July 9th, 2008

Што сега Бероне?

Photobucket

A number of NBA front office sources have revealed that the 76ers have won the Elton Brand sweepstakes, according to ESPN.com. Brand has reportedly informed the Sixers that he will accept a five-year deal worth an estimated $82 million, spurning what was presumed to be a slam-dunk return to the Los Angeles Clippers.

Photobucket

Ако е ова точно, после веста дека и Магети ја прифатил понудата на Голден Стејт, Берон веројатно и не е толку среќен што си се врати дома. Сега му останува тазе Германецот Кејвмен, Катино и Тим Томас да си игра со нив. Тука е и ланскиот доста добар руки Ал Торнтон, како и овогодинешниот дебитант Ерик Гордон. А, и Пол Дејвис. Екипиште.

Толку од изјавите на Бренд дека решил да ја искористи опцијата само за да ги натера Клиперси да направат конкурентна екипа. Мирисот на парите сепак е посилен од тој на Пацификот.

Што се однесува до Филаделфија, ако бидне ова во Бренд тие си го најдоа човекот кој со Семи Далембер ќе го пополни рекетот, посебно од аспект на играч кој ќе треба да биде удвојуван од противниците, а тоа ќе отвара простор за Игудала и Андре Милер.

ПС: Ова е добро и за моите Хоукси, зошто значи дека Сиксерси ќе се откажат од Џош Смит. Освен ако сега Клиперси не се решат да фрлат едно чудо пари, кои им се ослободуваат на Џош.

3 comments July 9th, 2008

Viva Manu, Juga Ginobili

Кој друг ако не Најк ќе направи реклама каква до сега не сме виделе. Момците од Орегон уште еднаш ни сервираат нешто тотално ново и нетипично кога станува збор за спортски реклами воопшто, а и самиот Ману немал ништо против за малку хумор на негова сметка. Омилен дел - кога го држи плакатот за Балеарите.

3 comments July 8th, 2008

Отворено…болнички…без слика…со Перо

Вчера поминаа месец дена откако сум хоспитализиран, од кои последниве 20 дена сум во изолација која би требала да заврши деновиве, по што би требал конечно да се најдам и дома. Во овие месец дена се десија многу ствари, како со мене и околу мене, така и во НБА, за кои не стигнав да пишам по некој збор.

Левичарот Шепард си беше на висината на задачата во текот на финалето и заврши работа, професионално и во МакНБА стил. Сега следува оној “фри-ејџент - летни лиги - репрезентации“ период во НБА, кој во најголем дел е досаден дури не се деси некој голем трејд или пак не почнат ОИ во Бејџинг. Летнава лига за нас можеби ќе биде малку поинтересна затоа што од вечер во Орландо ќе сјае и ќелавицата на Перо Антиќ, заедно со останатите дебитанти и анонимуси кои ќе се докажуваат пред ген. менаџери.

Во еден разговор пред некој месец во “Александар Палас“ со газдата на менаџерската агенција под која е Перо, легендата Лучијано Капикјони ми кажа дека има можност Перо да игра Летна лига и дека тоа не е никаков проблем за него. Уствари, човекот е менаџер на еден Ману Џинобили, па сигурно не му е проблем да го бутне Перо на еден ваков турнир.

Работата е во тоа што играњево во Орландо не значи поход на Перо кон НБА, туку уште еден вид афирмација пред враќањето во Европа каде е во потрага по потпис со појак клуб од еден Лукоил. Се надевам дека Рон Џереми и помошниците ќе му дадат доволно минути барем да се покаже колку-толку.

—————————–

Тоа беше делот за Перо, кој не ни планирав да го пишувам, ама ете, ми дојде. Кога седнав да пишувам планирав тоа да биде за изминативе месец дена, ама како што пишувам сфаќам дека е подобро да не знаете што се ми се дешаваше во тој период и што се видов тука.

Ќе ви кажам едно, а тоа е дека тука луѓе умираат, но тоа е нешто што морате да го примите како реалност, како факт и да гледате позитивно на се останато. Нормално дека некои приоритети во животот се менуваат во такви ситуации, но како што пишав пред некое време - Се што нема да те убие, може само да те направи посилен.

Ќе се читаме ние и понатаму. Без разлика на се нема да дозволам ни ја, а ни Шеп, МакНБА да не биде МакНБА каква што ја знаете сите вие. Идемо даље…

7 comments July 7th, 2008

Next Posts Previous Posts


Календар

July 2008
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории