Јаоза и Трејси добија (лудо) друштво
Еве фанови на Рокетси, конечно добивте и трета ѕвезда во тимот. Можеби не ви се исполни желбата да го трампаат Трејси, ама и ова би требало да заврши работа.
Ништо од Артест во лејкерси или Мајами. Кингси решија да тргнат по патот на Мемфис и некои други екипи во последно време и да се откажат од еден од своите најдобри играчи (ако не и најдобриот) за скоро ништо за возврат. Барем ништо во моментов.
Сега Рон-Рон пак ќе игра за Аделман, но и ќе прави опасно трио со Јаоза и Трејси. Едно име кое никој сабајлево не го спомнува во ниеден текст по нетов е тоа на Шејн Батие, кој како да заборавија дека воопшто е дел од Хјустон. Овој трејд значи дека репрезентативецот ќе биде резерва, нема друга алтернатива. Рон би го земал неговото место, Трејси би играл на двојка со Скола и Јаоза во рекетот. Плејмејкерските должности остануваат на Скип ту мај Лу. Мада некако ми мириса дека Рокетси би можеле да направат уште еден трејд во кој би го искористиле Алстон или Батие за некој екстра плеј, иако нема многу такви низ лигата кои се достапни преку трејд.
Рокетси во Рон добиваат екстра дефанзивец кој би требал да им помогне, и тоа многу, против опасните ниски крила и бекови на Западот. Иако и Батие важи за добар дефанзивец, тој не е во класата на еден на еден дефанзивци како Рон. Исто така, би требал да му отвори простор во нападот на Трејси, затоа што Рон не е само дефанзивец и не е бос кога станува збор за нападот. Со оглед на тоа дека Аделман е тренер кој знае да се справува со ликови како Рон, ова би можел да биде доста корисен трејд за Хјустон.
Кога сме кај тоа “ликови како Рон“, Артест во последно време покажа знаци на смирување, иако имаше проблеми со девојка му/жена му и со прегладнувањето на неговите питбули. Но, тоа нема многу врска со она што се дешава на теренот. Плус, новиот предизвик би требал да му даде посебна желба за докажување.
Кингси го добија она што го сакаа. Не сакаа лик како Одом со дебел договор кој ќе ги заглавеше, него само флексибилност во селари капот следното лето, нешто кеш плус драфт избор. И двете страни си го добија тоа што го бараа.
Западот стана уште посилен.
14 comments July 30th, 2008
