Archive for July 23rd, 2008

Афрото ќе лапа гиро и ѕаѕики, Атланта го лапна…суфлакито

Photobucket

Кога Комишот зборуваше за Европска НБА дивизија, веројатно не мислеше на тоа уште ова летго еден куп играчи да ја напуштат НБА и да се преселат во ненормално богатите руски и грчки клубови за пари кои веројатно никогаш немаше да ги добијат во Америка. Но, ако до некаде е и нормално Нахбар, Делфино, Брезец, Наваро…да се вратат во Европа, крајно чудна и можеби револуционерна е одлуката на Џош Чилдрес да ја прифати понудата на Олимпијакос, откако Хоукси не му ја исполнија желбата да направат потпис трејд.Останува нивното право врз него кога ќе одлучи да се врати дома.

Чилдрес, кој со афрото ги покрива клемпавите уши, е ограничен слободен агент, но затоа што тој заминува во ФИБА тим, Атланта нема никакво право да ја изедначува понудата на тимот од Пиреа. Што значи овој негов потег и дали ќе има некаков ефект, ќе видиме во иднина, но факт е дека Џош е првиот млад и талентиран НБА играч кој не е руки или ветеран, кој се одлучува на ваков чекор.

Ова е уште едно бизарно поглавје во скорешната историја на Атланта и загуба на важен играч од клупата. После ова тие мораат да го потпишат Џош Смит на нов, богат договор. Мораат.

10 comments July 23rd, 2008

Гето фраерки…пак во Детроит

Кој вика дека жените не се тепаат? Синоќа ВНБА барем за секунда привлече некакво внимание и не потсети дека постои како лига откако во Детроит (пак Детроит!) имаше гужва на дуелот на Детроиѕ и Лос Анџелес, а главните улоги ги имаа големи ѕвезди како Кендис Паркер (сестра му на Ентони) Лиза Лесли, Шерил Форд и некоја си Пиенет Пирсон.

ПС: Има еден куп други работи поврзани со она што е навистина битно (НБА) кои се десија изминативе ден-два за кои ќе гледам да постирам убрзо.

5 comments July 23rd, 2008


Календар

July 2008
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории