Кемби за џабе

Клиперси и дефинитивно станаа најактивниот и тимот за кој најмногу се зборува ова лето откако после ангажманот на Берон и наивното губење на Елтон, успеаја да го добија Маркус Кемби од Денвер за апсолутно ништо. Кој би рекол дека управата на Клиперси е способна за такво нешто.
Во потег кој во Денвер го објаснуваат чисто како намалување на трошоците, иако е крајно глупав од нивна страна, Нагетси се откажаа од својот единствен играч кој играше одбрана и од својот единствен центар (Нене не е центар, колку и да се труди момакот, а и е подложен на здравствени проблеми). Сега Денвер, кој активно бараше плеј на пазарот, ќе мора да бара и стартен центар. Во размена за Кемби тие го добија правото да ги разменат драфт правата во втората рунда од драфтот 2010 година, како и олеснување на селари капот од 20 милиони за следните две сезони.
По се изгледа во Денвер сфатија дека и онака не ги бива, посебно не во одбраната, па си рекоа ајде барем да си ги намалиме трошоците. На и онака силниот Запад првата рунда и претходно им беше максимум и тоа нема да се смени, ако воопшто играат плеј-оф догодина.
Клиперси пак, доколку самиот 34-годишен Кемби успее да ги избегне повредите (што му успеваше последниве две сезони) сега имаат опасен тандем во рекетот во Кемби и Кејвмен, под услов Маркус да се потсети на некои минати времиња кога играше на “четворка“. Ова значи и дека нема да има нешто од гласините дека Клиперси ќе испратат понуди до Џош Смит или Андре Игудала, но сепак е добар потег кој може и тоа како да им се исплати. Маркус нема да биде тип како Елтон кој ќе им носи 20-10 секоја вечер, но во комбинација со Кејвмен во рекетот и Берон надвор може да ги направи Клиперси еден од оние тимови кои ќе се борат за осмото место на Западот.
Кога веќе ги спомнувам Нагетси, тие доживеаја уште еден удар откако Рон Артест јавно изјави дека нема никаква желба да игра за нив, иако овие едно време, а изгледа и пак се загреани за него. Само не ми е јасно на која позиција би играл Рон кај Нагетси кои на “тројка“ го имаат Кармело.
Плус, ете им го сега неупотребливиот Кенјон Мартин и неговите 14 милиони за следната сезона, договор кој ги кочи и ќе продолжи тоа да го прави и во иднина.
Чудна некоја вода пијат во управата на Денвер.
3 comments July 16th, 2008