Archive for July 9th, 2008

15 години без Дражен…

Ова му доаѓа нешто како ре-принт, ама не е.

Од добро познати причини, изминатиот 07.06. не можев да го направам она што го правев секој 07.06. од постоењето на МакНБА, а тоа е одбележувањето на денот по кој вече ништо не беше исто во светот на кошарката.   Денот кога не напушти најголемиот европски играч, кошаркарскиот Моцарт - Дражен Петровиќ. Веќе имам доста пишувано за мојата поврзаност со Петро и што тоа ми значи мене, а и на цела една генерација малку постара од мене.

Photobucket

Оваа година беа обележани цели 15 години како светот е посиромашен за Дражен.

Како потсетник, текстот кој лани ми го испрати Џиги, кој е малку постар од мене и кој беше дел од онаа генерација која буквално растеше со Петро.

In Jiggy’s words: 

14 години… (сега се веќе 15.)… Човече, сеуште го памтам денот потоа. Тогаш вестите споро патуваа.

Сабајлето отидов да купам леб и се сретнав со комшијата Свето кој ми се смееше неколку дена претходно дека сме губеле (Македонија) од Ајвар Кузма, Герт Куламае и остала Естонска братија и од смешниот Мурешан и уште посмешните Романци. Тоа беше веднаш после Вроцлав и првиот настап на Македонија со Пеце, Медиќ, Боцевски, Михајловски, Перо Настев, Давитков, Сотировски, Ристо Јаневски…со Ацика на клупа. Комшијата ми кажа за Дражен, а јас онака во невера, помислив, овој појма нема, кој знае кој Петровиќ загинал во сообраќајка.

, искрено, помислив, можда е Ацо.. а ми текна и на Бобан Петровиќ, еден одличен играч на Партизан и Олимпија, инаку од Чачак мислам.

Ако не се лажам, Дражен еден од последните настапи во кариера го имаше против Македонија, последниот кош од слободно, 20-ти на мечот, ако добро памтам.

Со другите копиљаци у маало на кош само за тоа зборевме. Еј, Дражен бе, не е могуќе.. Не игравме, не знам зошто. Не ни шутиравме, па, да не бидам патетичен, ама мислам и дека не го ни погледнувавме обрачот. Стоевме под кошот, а баскетот го држевме под нога. Стоевме и зборевме за тоа дека немаше потреба да оди во НБА, затоа што Европа остана осакатена во тие години без него.

Па после Мисирот рече дека ќе потпишуел за Олимпијакос наводно, демек, доста се докажуел со црнците, ќе мавнел добра пара у лаганица живот. Он читаше Журнал.

Еј, абе не е можно дека женска го возела и убила. Можда нашиве новинари грешно пренесуваат, можда е у кома и ќе се разбуди. Мајка му на Цвик не вика од прозор, на вести покажале 3-4 фотографии од сударот у Германија. Камионџијата го колневме као смртен непријател, крвник.

Тие 3-4 слики ги памтам и ден денес до детал. Со пробиената банкина и шлеперот од другата страна на автопатот со 6 ленти. Дожд и магла. Луѓе во жолти шушкавец јакни, полицајци ли, пожарникари ли..

Останавме до долго во ноќта на кошот, замислувајќи си дека сега Америка сега нема кој да ја тепа. Макар и во егзибициски меч, Дражен беш клучот за се. Потоа муабетот прејде на бескрајното одбројување на идеалните 12 во репрезентацијата на екс-Југославија, која сигуно би го победила дрим-тимот една година претходно.

Тогаш, не му давав на Боксер да ги става Галис и Сабонис во тимот како појачања, а дилемата Даниловиќ или Комазец, да бидам искрен ми стои и денес кога размислувам за кошарката што ја вдишувавме во 80-те. Останатите беа неприкосновени, Дражен, Перасовиќ, Ѓорѓевиќ, Кукоч, Паспаљ, Здовц, Вранковиќ, Дивац, Савиќ, Раѓа и Зоки Јовановиќ.

Утредента веќе беше скршена секоја дури и микроскопска надеж. Ги видовме Ацо, Јоле и Бисерка во црно и во солзи. Соочувањето со вистината беше болно, доволно нам тогаш, копиљаци од маалски асфалт, да ни покаже колку е безвреден и чуден животот.

За такви играчи душа боли и ден денес…

23 comments July 9th, 2008

Што сега Бероне?

Photobucket

A number of NBA front office sources have revealed that the 76ers have won the Elton Brand sweepstakes, according to ESPN.com. Brand has reportedly informed the Sixers that he will accept a five-year deal worth an estimated $82 million, spurning what was presumed to be a slam-dunk return to the Los Angeles Clippers.

Photobucket

Ако е ова точно, после веста дека и Магети ја прифатил понудата на Голден Стејт, Берон веројатно и не е толку среќен што си се врати дома. Сега му останува тазе Германецот Кејвмен, Катино и Тим Томас да си игра со нив. Тука е и ланскиот доста добар руки Ал Торнтон, како и овогодинешниот дебитант Ерик Гордон. А, и Пол Дејвис. Екипиште.

Толку од изјавите на Бренд дека решил да ја искористи опцијата само за да ги натера Клиперси да направат конкурентна екипа. Мирисот на парите сепак е посилен од тој на Пацификот.

Што се однесува до Филаделфија, ако бидне ова во Бренд тие си го најдоа човекот кој со Семи Далембер ќе го пополни рекетот, посебно од аспект на играч кој ќе треба да биде удвојуван од противниците, а тоа ќе отвара простор за Игудала и Андре Милер.

ПС: Ова е добро и за моите Хоукси, зошто значи дека Сиксерси ќе се откажат од Џош Смит. Освен ако сега Клиперси не се решат да фрлат едно чудо пари, кои им се ослободуваат на Џош.

3 comments July 9th, 2008


Календар

July 2008
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории