Archive for July 7th, 2008

Отворено…болнички…без слика…со Перо

Вчера поминаа месец дена откако сум хоспитализиран, од кои последниве 20 дена сум во изолација која би требала да заврши деновиве, по што би требал конечно да се најдам и дома. Во овие месец дена се десија многу ствари, како со мене и околу мене, така и во НБА, за кои не стигнав да пишам по некој збор.

Левичарот Шепард си беше на висината на задачата во текот на финалето и заврши работа, професионално и во МакНБА стил. Сега следува оној “фри-ејџент - летни лиги - репрезентации“ период во НБА, кој во најголем дел е досаден дури не се деси некој голем трејд или пак не почнат ОИ во Бејџинг. Летнава лига за нас можеби ќе биде малку поинтересна затоа што од вечер во Орландо ќе сјае и ќелавицата на Перо Антиќ, заедно со останатите дебитанти и анонимуси кои ќе се докажуваат пред ген. менаџери.

Во еден разговор пред некој месец во “Александар Палас“ со газдата на менаџерската агенција под која е Перо, легендата Лучијано Капикјони ми кажа дека има можност Перо да игра Летна лига и дека тоа не е никаков проблем за него. Уствари, човекот е менаџер на еден Ману Џинобили, па сигурно не му е проблем да го бутне Перо на еден ваков турнир.

Работата е во тоа што играњево во Орландо не значи поход на Перо кон НБА, туку уште еден вид афирмација пред враќањето во Европа каде е во потрага по потпис со појак клуб од еден Лукоил. Се надевам дека Рон Џереми и помошниците ќе му дадат доволно минути барем да се покаже колку-толку.

—————————–

Тоа беше делот за Перо, кој не ни планирав да го пишувам, ама ете, ми дојде. Кога седнав да пишувам планирав тоа да биде за изминативе месец дена, ама како што пишувам сфаќам дека е подобро да не знаете што се ми се дешаваше во тој период и што се видов тука.

Ќе ви кажам едно, а тоа е дека тука луѓе умираат, но тоа е нешто што морате да го примите како реалност, како факт и да гледате позитивно на се останато. Нормално дека некои приоритети во животот се менуваат во такви ситуации, но како што пишав пред некое време - Се што нема да те убие, може само да те направи посилен.

Ќе се читаме ние и понатаму. Без разлика на се нема да дозволам ни ја, а ни Шеп, МакНБА да не биде МакНБА каква што ја знаете сите вие. Идемо даље…

7 comments July 7th, 2008


Календар

July 2008
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории