Ел-Еј Стори
Еве ме пак. После неколку кризни дена во Оспиталов не можам, а да не и се вратам на МакНБА.
Со 1 јули стартуваше целиот муабет за фри ејџенти, а веќе имавме две откажувања од последните години на договорот вредни колку буџетите на некои посиромашни земји. Поточно, Елтон Бренд и Берон Дејвис одлучија да де откажат од цели 33.6 милиони долари кои им следуваа вкупно следната сезона. Ако се додаде тука Мерион…а можеби и Аринас, кои ги имаат истите опции летово би можело да биде ептен интересно.
Сега засега да се задржиме на Елтон и Берон. Мислам дека првиов се одлучи на ваков чекор само за да и покаже на управата на тимот дека веќе не сака да биде дел од просечна екипа. И тој и неговите менаџери се свесни дека во моментов нема тим во лигата кој на играч како Бренд, кој е 20-10, машина би му понудил договор кој стартува со некои 15-16 мил. годишно.
На Елтон му е најдобро да остане во Ел-Еј, каде би можел за дружба да го добие Берон, кој одлучи дека му е поубаво да биде фри-ејџент. А каде е најубаво да се игра ако не дома? Берон е баскет легенда во Лос Анџелес и често можеше да се види на плеј-оф мечевите на Лејкерси (со Адам Сендлер). Тој е тип кој ужива да биде дел од славните фаци со кои во голем дел е и ептен добар пријател.
Простор за преселба во Клиперси отвара и веста дека и Кори Магети планира да ја искористи опцијата да стане слободен во својот избор на нов клуб една година порано. Исто така, тука е и веста дека Клиперси не планираат да му дадат понуда на Шон Ливингстон за продолжување на договорот од догодина.
Е сега, не би ме изненадило и доколку Берон сака да си замине од Оукленд и поради Дон Нелсон, како и поради потегот на Малин лани кога го трампаше другар му Џејсон Ричардсон во Шарлот. Нешто ми мириса дека Вориорси се пред распад.
——————————
Оф топик. Само што ме примија во болница ми стигна:
Книга која ме чека дома и која едвај чекам да ми падне во раце.
12 comments July 1st, 2008

