На Адријана веќе не и е ладно
Драфтот помина без некои посебни изненадувања, ниту пак трејдови или сумњиви потези на Рајли, иако Залижаниот пробуваше да блефира до последен миг. Задња негова варијанта беше да проба да ги извлече од Мемфис за својот 2. пик Руди Геј, Мајкл Конли и пикот на Гризлиси. Нормално, иако им го поклонија Пау-Пау на Лејкерси, во Мемфис не се до толку луди да не си учат од грешките.
Она што беше јасно беше дека Роуз и Бизли одат еден и два. Булси можеби фолираа со можен избор на Бизли, ама Роуз беше нивниот човек од старт. Е сега, јасно е дека ќе има промени во Чикаго, посебно на бековите каде покрај Роуз се и Хајнрих, Гордон, Хјуз и Сефолоша. Трејд сигурно ќе има и веројатно за играч кој би бил некое решение во рекетот. Можеби и камбек на Елтон Бренд.
Мајами па, го доби најдобриот колеџ играч и оној кој би можел да смени доста работи кај нив. Плејот останува голема болка за нив, ама има време цело лето да се обидат да направат некој потпис-трејд со Мерион, или пак да го жртвуваат Хаслем за солиден плеј.
Остатотокот од драфтот помина во вртење на имињата кои беа во игра да бидат избрани од 3-14 со тоа што Кевин Мекхејл овој пат не направи дил со Бостон на кого не му го даде 3. пик за Брајан Скалабрини, него се договори со Мемфис да си ги сменат пиковите. Ем си го доби Кевин Лав, кој и онака го сакаше, ем го доби Мајк Милер. Мемфис пак, си го доби О-Џеј Мејо, некогаш големата средношколска ѕвезда за кого се зборува уште од прва средно, ама во пакет со него и ликови како Ентоан Вокер и Марко Јариќ, од кои Вулфси успеаја да се откачат.
Ова со Марко е посебно интересен губиток за Минеаполис, кој веќе нема да се грее гледајќи ја Адријана Лима на трибините. Ипак, ако ги прашате во Минесота тоа е веројатно жртва вредна да се направи да ги нема више Вокер и син му на Срекќо. Сега ќе уживаат во Мемфис, каде и онака немаат многу шанса да гледаат добар баскет.
За мене главен дил останува оној меѓу Милвоки и Нетси, ама за тоа имате каде да коментирате.
Пеџа не го избра никој, нешто што беше очекувано, иако по нашиве медиуми пробаа да ја исфураат таа варијанта како можна.
ПС: Ова врскава во болница и слободново време ептен добро ми дојдоа.:)
13 comments June 27th, 2008
