Бостан Селтик го јадеше бостанот
Зелениот бостан го обравме слатко!

Иако за момент си помислив дека се случува гејм 4 пак, Лејкерси се вратија и Бостан успеа да ја изгуби утакмицата. Гарнет е нај-не-клач играч на светот, а Пол Пирс многу се фура. Коби не игра на највисоко ниво, ама затоа Гасол се врати од мртвите. Фишер е ко коњ на ЛСД, ама Фармар е ѕвер. Дополнителна околност е неиграњето на Кендрик и играњето со пола нога на Рондо, како и чудното судење кое сепак мислам дека на крајот на денот ќе се испостави дека одело во прилог на Бостан.
За утакмицава немам што многу да кажам што не е кажано во коментарите под прошлиот пост.. мислам дека ќе се игра седма.. која ќе ја добијат Лејкерси.. се вративме психички.. Единствено ме плаши будењето од хибернација на Реј Џизс Ален, и надреалните способности на екстратерестријалниот Сем Кесел. Уствари шо тресам ја, 2 на гости против Бостан..
Инаку после она што се случи во четвртата утакмица, јас сеуште не сум опоравен, и све ми е некако ради реда.. синоќа дури не ни мислев да ја гледам утакмицата, дури и не ми ни значеше победата на Лејкерси..
Сега не знам што да напишам, неделава имам 5 испити во 5 дена, така што ако сакате малку за Политичка филозофија, може.. Сепак, еве тема за муабет: Пол Пирс го надигра Коби, а сепак Лејкерси тепаа.. што може да значи тоа?!
20 comments June 16th, 2008