Archive for June 13th, 2008

Things that don’t kill you can only make you stronger

Photobucket

И сега, од каде да почнам. Имам…у ствари не ни знам колку имам време на располагање.

Сабајлево конечно за прв пат гледав како што треба еден меч од финалево и по она што го видов немам сомнеж кој тим е направен од шампионски материјал, а кој не. Да се направи онаков камбек и да се победи во гости е вистински испит на зрелоста за секој тим и со тоа паѓаат во вода сите оние прогнози и непишани правила дека тим кој е составен на брзина или т.н. Тим за една година не може да освои титула.

Колку што ме импресионираа Лејкерси со своето прво полувреме, толку повеќе ме импресионираа Селтикси со својата желба и решителност да докажат дека се подобри од тие први 24 минути кога губеа со минус 24.

Агресивноста, која ја немаше кај Пол Пирс во првиот дел (а и на Гејм 3) како одеднаш да му се врати, а со тоа се врати во ритам и цел тим. Немаше врска што Рондо не беше на ниво или пак што Кендрик Перкинс мораше да отиде во аут поради рамото. Како функционираше одбраната на Бостон, Лејкерси со својата летаргија во нападот кога се почна да паѓа во вода немаа никакви шанси.

Уште тоа тројките на Поуси со “криви нозе“ и клач поените на Реј Ален и Еди “црната дупка“ Хаус беа премногу за младите момци на Зенот.

Коби имаше една од оние партии кога им верува на соиграчите, што секогаш е добро, ама и онаква партија кога мисли дека кога сака може да влезе во ритам и да ги земе работите во свои раце. Нема што да се критикува човекот, за секој поголем успех потребни се најмалку двајца, а најчесто и повеќе играчи како што Бостон вчера покажа. А и да, сите тие момци треба да имаат муда, а кај Лејкерси немаше нешто многу тестостерон сабајлево.

Дали тоа ќе се смени догодина со Бајнам, не знам баш. Тоа е ептен далеку за муабет. Има време. Ептен има време, а и сега не е битно.

Серијата теоретски не е готова и се надевам дека ќе биде максимално интересна до самиот нејзин крај, иако е доста веројатно да не погледнам веќе ни еден меч до крајот, освен ако не проработи некоја собна антена која ќе фати МТВ1 како треба на клиника.

* * * * * * *

Во НБА се случија и некои други работи додека јас бев на инфузии, тромбоцити, крв и остали медикаменти, како на пример новите тренери на Феникс и Чикаго, ама за тоа стварно немам време…а ни снага.

* * * * * * *

Што се однесува до мене, ова е веројатно мој прв и последен пост во подолго време. Некако успеав да се шмугнам за да се ставам он-лајн и не можев да издржам, а да не чкрабнам нешто. Не сакам да ве давам со мојата состојба и тоа што ми се случи и што ми се дешава…и ќе ми дешава уште некое време. Супер е и што успеав да соберам сила и да најдам начин да ставам нешто на мојата МакНБА.

Оние што ги интересира, нема да бидам ОК уште некое време, а тоа може да потрае и со месеци. Но, во исто време убеден сум и дека на крајот ќе бидам ОК.

Things that don’t kill you can only make you stronger.

ПС: Шеп, сосема солидно си ја вршиш заменичката функција. Уживај.

ПС2: Поздрав до сите па се читаме во некои подобри времиња. Се надевам.

23 comments June 13th, 2008

Лејкерси водеа на полувреме, но Бостон освои титула

Неам зборови. Тука имаше слика од Одом, кога го турив постов на полувреме. Сега веќе нема.

Кој нема среќа у баскет, има у љубов.

Инаку, 21 поен предност после прва четвртина што ја имаа Лејкерс е најголемата предност што некад некој тим ја имал после прва четвртина у историја на финалиња.

33 comments June 13th, 2008


Календар

June 2008
M T W T F S S
« May   Jul »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Архива

Категории