Коби не знае да пуца слободни
Но, знае да прави многу други работи. Меѓу другото, да освојува и титули. Или пак да се потруди за тоа.

Коби пуца слободно
Прво, ги прифаќам замерките за тоа дека дури и во регуларна сезона имаше повеќе постови на блогов, него ли за време на големото финале, стварно Големо со големо Г, особено додека ги глеаме клиповите со Џабар, Меџик, Бирд, Мекхејл, Чембрлен, Расел, или ај, се додека не влезе во игра Џејмс Поузи.
Меѓутоа, додека Енко е на листата на повредени, мојот капацитет е толку. Шо да праам, и мене ми фалат постови. Затоа и пишувам. И да ве потсетам, кој има желба, идеја, можда некој веќе напишал нешто, а сака да му биде објавено - maknba на gmail точка com.

“Тапа брат, а..”
Е сеа - утакмицата мрскотија жива.. згора на се’ ја глеав опиен пошто ми беше апсолветнска, и впечатокот ми е.. не знам, лош, многу лош. Како тврдокорен навивач на Лејкерси, пак ќе повторам дека не сум задоволен од тоа како се одвиваат работите, и дека само публиката, и факторот Кобијачич, условен и од збунетоста на Гарнет и Пирс доведоа до 2-1.
Гасол и Одом се гледа дека се борат, меѓутоа, како да им фали присебност. Како да им фали идеја. Како да им фали.. секс. Не знам, Гасол на моменти изгледа жалосно. Одом изгубено. Доколку не се вратат, не праиме ништо.
Одбрана - прилично конфузна, а нападот без врска (важи и за двете екипи). Лоша селекција на шут, зицери, од друга страна тимска игра ама па без ефект, како да не се осеќаа природно на теренот повеќето од играчите. Коби изигра величествено, ама утна триесет и осум слободни. Мислам дека да играв американка со него вчера, ќе го тепав. На крајот, сепак, си презеде одговорност, и во манир на МВП си кажа што како..
Сепак, да беше тесно, тие четириесет и три слободни фрлања кои ги промаши, можеа да бидат злокобни.

Ракун
Бостон пак, полека заличуваат на истите тие што се мачеа со Атланта. Циклично играње, играат па паѓаат, па играат, па пак паѓаат, па ги нема, па ги има, па некој од клупа изненадува, па некој од Дуо Трио го снемува.. Гарнет јас го мрчам, но пак имаше солидна ол араунд партија, иако може он боље (се виде на претходните утакмици). Пол Пирс Вистинска ко да се исплаши од родниот град, или па ко да мислеше дека е 4-0 па сеа само треба да им ја дадат титулата. Док Риверс е добар тренер, Фил Џексон на моменти мислам дека појма нема што прави.
Како и да е, мора да го поздравиме Фацата на оваа утакмица, неговата мажественост, Саша Вујачич! Напален, изгубен, како Халбери Фин кога пловеше по Мисисипи, така младото Словенче, со леснотија трчаше по паркетот во Стејплс, и му фати шут, и не се сопре. Како кинеска копија на Стив Неш. Како Росицки во Борусија Дортмунд. Како пеперутка.

Саша Вујачич со Вујомобилот
* * *
Мојот впечаток е дека ова што го гледаме во текот на целата сезона и плејофот, е само една голема случајност во ситуација кога сите тимови се израмнети и во ситуација кога некои кампуси како на пример овие два, изненада се набилдаа со играчини, и сега сеуште трагаат по свој идентитет. Енко пред некое време запиша на блогов за една дискусија што ја имавме, дека Селтикси 08 се како Лејкерси со Мелоун и Пејтон - прејаки, ама врска немаат што праат. Тоа сеуште важи за нив. Меѓутоа и Лејкерси 08 се ист таков тим, иако се работи само за еден “новајлија” (леле го мрзам зборов!) и евентуално стариот вук Фишер. Уствари Лејкерси се суштински нова екипа, бидејќи функционираат на друга матрица. Беа долг период стабилни, и првиве три утакмици од финалето конечно на површина им изби најголемата слабост - немањето заеднички дух. Синоќа на теренот имаше жолти играчи кои се бореа, и жолти играчи кои гледаа ко мулиња, што е многу подобро од првите две утакмици, кога на моменти и тие што се бореа стануваа мулиња под дејство на другите.
И сеа една дебилна прогноза за исходот понатаму: ако се опраат и двата тима - Лејкерс во 7, ако се опраат само Лејкерс - Лејкерс во 6, ако остане вака - Бостон во 6, а ако се опраи само Бостон - Бостон во 5. Баба Ванѓа вода да ми носи значи.
13 comments June 11th, 2008