Дали се судиите криви?
Постов го пишувам откако Powe сам си потрча од кош до кош и ја закуца мажествено..
Кој ја глеа утакмицата знае за што зборам. Мрско до крај. Она што започна како право финале, со куцањето на Одом и тројката на Пирс, полека се претвори во абе-друже-судија голгота на Лејкерси, а судиите, ко да се осеќаа виновни, па совеста си ја лечеа со бизарни одлуки.. У секој случај, Лејкерси беа оштетени.
Ама факт е дека се повторува Детроит од пред 4 години, но и Феникс од лани и полани. Нема драж. Нема желба за победа. Коби нешто се наљути демек, ама не е тоа тоа.. игра како времињата кога носеше осмица.. како сезонава МВП да бил некој друг, а не токму тој.. пратњата издаде.. противникот незапирлив.. Дуо Трио растура, POWE е POWERFUL, Пи Џеј Браун игра ко пред 10 години.. а коментаторов би го замолил да замолкне бар за момент.
Од друга страна не ми се верува дека ова е истиот тој Бостон кој пред месец и пол губеше од Атланта. Не ми се верува дека пред месец дена имав надеж дека Атланта ќе може да ги шутне од плејофот, а сега се молам Лејкерси да намалат под 10 да не биде ептен брука. Истите тие Лејкерси што ги испратија на одмор Јута и Сан Антонио и за кои верував дека сега веќе ќе водеа со 2-0 (до сеа ќе завршеше утакмицата по брза постапка).
Чудно финале, тажно за навивачите на Лејкерси. Меланхолично. Празно. Како да е работна сабота или уште полошо, ко да ти дошле мајстори дома и ти местат лајсни, а ти немо ги гледаш и се прашуваш дали можеше сам да си ја наместиш..
Во овие пусти и очајни мигови, останува да се утешиме со следниот клип:
43 comments June 9th, 2008