Archive for June 7th, 2008

Фпечатоци од првата утакмица

Прво, многу ми е глупо што првиот пост после месеееееци го пишувам од причина што Енко стварно не е добар со здравјето. Друже, МакНБА е со тебе, и те чека да се вратиш. До тогаш стариот Шеп ќе се обиде да попуни бар малце место, иако никој ни оддалеку ја нема твојата перцепција и знаење по овој предмет.

Значи, за првата утакмица од годинашното финале: Како фан на Лејкерс, ја сум rазочаrан, депримиран, нерасположен и крајно замислен за исходот од серијата. Некои фактори за тоа се

Гарнет, Пирс и Ален играа ко на Олстар, за среќа Гарнет у прво полувреме, Пирс у трета четвртина и пола четврта, а Ален на моменти на крај. Коби играше ко со Детроит пред 4 години, и за разлика од негови други лоши партии, овој пат сум сигурен дека оваквиот лош скор ќе му се повтори бар уште еднаш, да не речам цело финале.

Вонземјанинот Кесел, касапот Пуси.. Рондо, Перкинс.. тоа треба да се затвори, да се чува, да не се допушта така лесно да креираат игра.. од друга страна Волтон не излезе од игра - за џабе! Клупата на Бостон беше исто фактор. Можда ако Волтон не игра следнава, ќе биде боље за нас, ако не..

Скок. Уште у прва четвртина се исплашив, Гарнет со ручиштата, Гасол ко бубалица срамежливо го глеа тотално смотан, Перкинс фаќа топки, Пи Џеј Браун еј! се подмладе, Туриаф трапав, абе ај да не се нервирам, Бостон натскокаа, и офанзивни и дефанзивни, и затвараа, и у клучни моменти пак скокаа, и тек сеа се гледа колку фали Бонум! Дупка у рекет. А дупка со дупка не се попунуе!

Утињање. Коби срамота, другиве ништо бољи. Одом зицери катаљарда. Селтикси од друга страна си погодија доста чисти шутеви, иако имаше некои  моменти (Ален и Поузи особено) кога од изградени позиции утнаа, ама само го одложија плескањето.

Едина светла точка кај Лејкерси беше Фишер. Од друга страна, неговиот хед ту хед противник, Рејџон, на шала на смеа, имаше 15-5-7 партија, и во голема мера помогна во победата. Сепак, за мене фаца на натпреварот беше Пол Пирс - Вистинска. Шабанската тројка со допунско за рано сечење у трета четвртина, и после тоа кршењето нога и играњето со протеза и тројките за одлепување.. фаца си е фаца. Иако почетокот и крајот беа на Гарнет - особено кога на крајот ја здрви манијачки од одбојка. Секоја чест.

И се надевам дека нема јас да пишувам пост за гејм 2, дури и Лејкерси да тепаат. Не толку колку што сум тапа, туку колку што Енко е тој што и дава душа на МакНБА.

31 comments June 7th, 2008


Календар

June 2008
M T W T F S S
« May   Jul »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Архива

Категории