Можи да почниме

Планирав поголем пост, ама еве има скоро недела дена како не можам да се оправам. Уште не одам на работа, сум станал бетер од Грент Хил во периодот кога беше на Флорида.
Ретро елементот секако дека ќе биде јак во текот на ова финале, и очекувам еден куп од фаците кои го обележаа ривалството во минатото да се појават во Бостон и Лос Анџелес. Исто така, за очекување се разни спотови на таа ретро тема измешано со малце модерен шмек, чисто за Американците да покажат зошто се најдобри кога станува збор за такви работи. А и имаат за што да ги праваат тие ствари.
Сепак, треба да се остави на страна целото тоа ривалство од минатото, посебно тоа од 80-те, затоа што ова се сосема нови играчи и ликови кои во поголем дел воопшто и за прв пат се наоѓаат во финалето, да не збориме за тоа дека ова им е кој знае кое-финале по ред. Да, зелените и жолтите дресови будат емоции како ни едни други во лигата кога во исто време ќе се најдат на теренот, тоа е факат, ама ова се скроз нови ликови кои ги носат тие дресови.
Лејкерси во последните 21 година, колку помина од последното жолто-зелено финале, освоија три титули по ред на стартот од овој милениум, додека Селтикси беа сведоци на својот пад, кој пред година дена стигна речиси до самото дно на лигата. Според мене, модерно ривалство не може да се нарече нешто кога еден од двата тима нема ни помирисано финале повеќе од две децении. Ретро ривалство - да, секако, ама модерно - не, затоа што Селтикси треба прво нешто да освојат па да бидат дел од такво нешто.
Е сеа, тоа не значи дека мислам нешто лошо за Бостон. Напротив, за разлика од многумина кои во Лејкерси гледаат тим кој никој не може да го победи, мислам дека Бостон е благиот фаворит во оваа серија. Чисто ради предноста на домашниот терен, но и ради гладта на Кевин, Реј и Пол, кои сами се свесни дека оваа шанса можеби никогаш нема пак да им се пружи во животот.
Од другата страна е Зенот, кој може да биде клучен за оваа серија, исто како и Кобстерот, кој многу добро знае што значи да се игра во едно финале, а овој пат за прв пат ја има улогата на лидер на Лејкерси.
Јас би сакал седум утакмици, чисто од ќејф.
Се изнапишав, а морам да одам во амбуланта.
19 comments June 5th, 2008