Archive for May, 2008

Падна и “Гарден“

Photobucket

Пистонси не се Лебронси, а уште помалку се Хоукси. Тие сабајлево покажаа дека и тоа како се способни да победат во гости во плеј-офот, нешто што на некој начин им стана и заштитен знак последните половина деценија. Кога ќе се развика публиката во Бостон тие нема да утнат клучни слободни, исто како што нема да утнат клучни шутеви од дистанца во последна четвртина на терен кој е еден од најнегостопримливите во лигата.

Сега формулата на Селтикси да стигнат до крајот без победа на гости падна во вода и ако навистина сакаат да покажат дека заслужуваат пласман во големото финале, тие ќе мора да го направат она што не можеа да го направат во по трите обиди во Атланта и Кливленд. Она што уште повеќе боли кај овој пораз е тоа што сите од Големото трио имаа одлична вечер во нападот, па и Џизус Шатлсворт кој ја одигра својата најдобра партија по пауза од цели три месеци.

Можеби тоа е знак дека ќе биде подобро за нив во понатамошниот тек на следната рунда, а можеби и сега, кога се под притисок да победат Селтикси, конечно, ќе покажат шампионски квалитет и ќе добијат најмалку една во Детроит. Пистонси таму загубија во овој плеј-оф од Филаделфија, а и Орландо беше блиску до победа, што веројатно значи дека Обурн Хилс не е неосвоив. Сепак, Пистонси се познати по тоа дека играат подобро кога против себе имаат подобар противник, а и искуството од играње заедно подолго време не смее да се занемари.

Мислам дека Бостон може да добие средба во Детроит, тие тоа го покажаа и во текот на сезоната. На тоа и се надевам затоа што само така и понатаму ќе гледаме интересна и неизвесна серија, а ако се игра петта и седма средба во Бостон, таму на некое од столчињата во Гарден може да се најде и брат ми.

6 comments May 23rd, 2008

Будење во последен момент во Ел-Еј + Роуз или Бизли?

Photobucket

Сабајлево не гледав баскет, така да не можам да пишувам што се случувало во Ел-Еј, ама како што гледам по разни сајтови и бокс-скорови, било ептен интересно во Холивуд. Будењето на Коби во второто полувреме значелo и будење на Лејкерси кои биле во дупка и од 20 поени. Дали за тоа е виновен предолгиот одмор (како што е кај Пистонси) или не, не знам, мада ми се чини дека е така.

Разликата меѓу Детроит и Лејкерси е во тоа што Пистонси немаат играч како Коби кој може одеднаш да преземе контрола врз една средба во свои раце.
Уморот ги стигна Спарси дури во второто полувреме, посебно во последната четвртина кога имаа беден шут и за два и за три. За очекување е доколку Паркер и Данкан го носеле тимот во претходниот тек од средбата, Ману да биде тој кој ќе ја преземе одговорноста во свои раце во последен период, ама очигледно дека сабајлево Ману не беше тој од последните средби, нешто за што тој му даде заслуга на Саша Вујачиќ и неговата одбрана.

Одом и Фишер под просек, иако од Фишер не ни очекувам да биде некој посебен фактор во оваа серија. Барем не како што беше против своите лански другари од Јута, посебно против Дерон Вилијамс. Одом пак, ќе мора подобро од осум поени и исто толку скокови. Посебно кога е чуван од типови како Оберто и Курт Томас.

Толку од средбата која не ја гледав.

* * * * * * *

Иначе, вчера не и одвоив место на Драфт лутријата, веројатни поради фактот дека немавме таленти од типот на Оден или Дурент, а можеби ни од типот на Хорфорд. Лани луртијата беше тука пратена детално поради можноста моите Хоукси да бираат први или втори (иако не ја утнаа ни со третиот пик), а овој пат тие немаа ни свој пик во лутријата. Нивниот пик од првата рунда оди кај Феникс, како дел од трејдот Џонсон - Диао, што е уште една причина за мавање глава во ѕид на Санси, кои лани Атланта да немаше Топ 3 пик, ќе го добиеше нејзиниот избор. Да не ги ни споредувам пак Џо и Борче.

Photobucket

Кога сме веќе кај Лутријата, Булси испаднаа невидени гзлаци откако со само 1,7% шанси стигнаа да бираат први. Тимовите кои се тепаа кој ќе има послаб скор пак извисија како и лани, што е уште еден аргумент против т.н. тенкинг кои го практикуваа некои екипи.

Што се однесува до Булси, тие сега треба да се одлучат дали да го изберат Дерек Роуз или Мајкл Бизли. Тоа ќе зависи од потребите на Чикаго и желбата на управата да направи некој трејд ова лето за конечно да заличат на тим способен за големи нешта.

Трејд на Хајнрих и Гордон, посебно на првиот ако се избере Роуз, е неизбежен ова лето. Денг мора да се задржи, исто како и Носиони, иако тој им е една од најголемите мамки за трејд, па може да испадне жртва. За трејд се спакувани и Хјуз и Гуден, ама кој да ги земе. Може да лета и Тајрус.

Ако се избере Бизли, тогаш Хајнрих сигурно останува, ама се создава нов пирамида ефекат. Како и да е, би требало да имаме интересно лето во Чикаго.

Коцките се тука, само треба да се најде некој да ги посложи, мада се сомневам дека за тоа е способен Пексон, кој успеа преклани да го пропушти Ламаркус Олдриџ за да го добие Тајрус Томас.

ПС: Нафрлано, знам…

5 comments May 22nd, 2008

Сиеста

Photobucket

Понекогаш и не е ок сред плеј-оф да имате некој ден плус одмор. Пистонси се релаксираа изминативе недела дена и малку го загубија интензитетот, што е сосема разбирливо со оглед на паузата. Токму заради тоа мислам дека некои од стварите кои ги видовме во Гејм 1 со Бостон веќе нема да ги видиме од Детроит, посебно не 13-те загубени топки од кои седум во третата четвртина од тимот кој последниве три сезони имаше најмалку загубени топки во лигата.

Спората реакција на играчите при блоковите на Селтикси и неротирањето во вистинско време исто така нема да се повтори, туку само е аномалија предизвикана од предолгиот одмор во контраст со играњето на секој втор ден на Селтикси кои се во целосен натпреварувачки ритам.

Исто така, Чонси нема долго да спие. А и Рондо нема да погодува по неколку шута однадвор во финишот.
Е сега, тоа не значи дека Бостон не одигра добро сабајлево. Уствари, за прв пат во овој плеј-оф тие беа тимот кој беше помалку мрзок на теренот и покажаа зошто би можеле да стигнат до финалето. Сепак, оваа прва средба може да биде нешто што веќе нема да го видиме, не знам, се на тоа ми мириса. Пистонси беа многу слаби и пак беа во игра, а да не беа тие седум загубени топки во 12 минути мислам дека сабајлево можеа и да тепаат.

Ќе видиме утре колку ова смисла.

15 comments May 21st, 2008

Искуство, брат…

Photobucket

Хорнетси нема за што да жалат зошто имаа феноменална сезона каква никој од нив не очекуваше. Притисокот на седмата средба знае да биде преголем за секој тим кој таму не се нашол порано, додека оние кои се редовни плеј-оф тимови кои играат до крајот, како Спарси и Пистонси, многу добро знаат што со себе носи еден таков натпревар.

Може и поопширно на оваа тема, ама немам време па тоа ви го оставам вам во коментарите.

13 comments May 20th, 2008

…20 years later

Photobucket

Како што се одвиваше седмиот дуел синоќа и како што тој се приближуваше до крајот, се повеќе мислев на Доминик и Бирд и со тоа знаев дека Лебронси нема шанса да победат.

Пред скоро точно 20 години исто така во Бостон се одигра седмиот дуел од полуфиналето на Истокот помеѓу Бостон и Атланта, за кој овдека имам доста пишувано и закој можете да се потсетите на линковите подолу. На кратко, иако Доминик беше ѕвер на теренот, Лери и компанија славеа со 118-116 за пласман во финалето на Истокот. Таму се сретнаа со Детроит. И го попија.

Она синоќа во Бостон, во зависност со кого зборувате, беше или права класика или досаден дуел на двајца индивидуалци. Јас некако повеќе влечам кон првиве, иако ни втората група не е без аргументи. Некои работи ми сметаа, некои ми се свиѓаа, а на крајот тепаше тимот кој во овој плеј-оф не може да тепа во гости.

Photobucket

Лигавењето на Пирс не ми се свиѓаше, но ми се свиѓаа неговите шутчиња од полудистанца. Исто така, Ок е да играш со голема желба и интензитет, ама тоа треба да го трансформираш во некаква доминација на теренот, а не само да се маваш во гради и да правиш страшни фаци. Тоа го правеше Пирс, ама не и Гарнет, кој уште еднаш покажа зошто со Минесота милион пати испадна во првата рунда во плеј-офот, се додека не му ги донесоа И-Ти и Спривел за да играат со муда кога е најпотребно.

Реј Ален го нема никаде во овој плеј-оф, а со оглед на неговата слаба одбрана не гледам како ќе биде ефективен и во следната рунда. Секоја чест на муцката Пи-Џеј Браун за смиреноста кога беше најпотребно, како и машките ретро фаули.

Секоја чест и на 23-годишниот Леброн, кој пак покажа дека никој не може сам да стигне до тронот. Со тој тренер и тој скуп на играчи околу него овие задњи две сезони се и повеќе од максимумот. Точно е дека можеше да биде подобар во финишот, но тоа е кога немате асални играчи околу себе.

А сега малце ретро:

За мој ќејф.

Бидна.

Било некогаш.

Текст од Спортс Илустрејтед од мај 1988 година.

19 comments May 19th, 2008

Ле Клиник де Солт Лејк

По сабајлево Бостон остана единствената екипа која е (или беше) дел од втората рунда без победа во гости. Со оглед на минутите кои ги изиграа Гарнет, Реј и Пирс на последниве средби, а и вкупно во разигрувањето, нема да ме зачуди ако Лебронси ја искористат шансата и ги решат Селтикси во one and done ситуација.

Него, муабетотне ми е најдосадната серија во втората рунда него клиниката која ја презентираа сабајле Лејкерси сред Солт Лејк Сити. Се си функцонираше како чвицарски часовник кај момците на Зенот кои од старт ја избација публиката од игра, а потоа лагано си ја одржуваа предноста од 10-15-17 разлика. Задоцнетиот финиш на Јута само го намали резултатот кој ич не е реален на односот на силите, барем не во оваа Гејм 6.

Кога и да тргнеа домашните, Лејкерси имаа одговор. Нормално, тука помогна и лошата вечер на скоро цел тим на Јута кој како да не беше ментално спремен за предизвикот. Утките од чисти позиции и тројките од неизградени позиции се нешто што не смеете да си го дозволите против силен противник. Да не зборам за добрата одбрана на Дерек над Дерон, кој сепак се потврди како вистинскиот лидер на тимот на Јута пред кој е светла иднина. За нивна несреќа, иста таква иднина имаат и Лејкерси, кои исто така својот дом го имаат на Западот.

За жал, колку и да ми е омилен лик Слоун, човекот пак, и после десет години пак го папаше од Зенот.

Според мене, и колку што можам да се сетам, од мојот старт на следење НБА, вистинските екипи биле тие кои тепале во вакви ситуации во шести средби на гостински терен. Нека ви текне само на Булси на Џордан, или пак претходно на Бостон на Лери или Лејкерси на Меџик. Ова сега се Лејкерси на Коби кои конечно играат како тим и се во одлична позиција за враќање на тронот.

Еве и некоја фотка од сабајлево…

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

19 comments May 17th, 2008

Иби страјкс аген

Photobucket

Нов пост после еден ден пауза, затоа што веројатно никој не мислеше дека гостинските екипи можат да победат завчера или па вчера. Во досегашниот тек на разигрувањето домашните екипи со синоќешната победа имаат скор 20-1, што е нешто што навистина ретко се случува. Што е причината за вакво нешто, не знам, а и не можам целосно да го отфрлам тоа дека и судиите се понекогаш понаклонети на домашните екипи.

Мене лично вторава рунда ми е тапа досадна и се надевам дека седмите средби(а) ќе бидат барем малку поинтересни.

Иначе, еве три линка за ланскиот плеј-оф и серијата помеѓу Феникс и Сан Антонио. Онака, после синоќешниот
фаул на Чип Шот Роб над Вест ми се врати филмот од канализација фаулот над Нешти лани, кога со еден прљав (или валкан) потег целосно се смени текот на серијата од страна на целосно непотребен играч на теренот. Освен да биде дел од разни Хек А овој, Хек А оној стратегии.

1.

2.

3.

ПС: Има и интересни коментари, а по тие постови мислам дека Јока више не остави коментар.

17 comments May 16th, 2008

Next Posts Previous Posts


Календар

May 2008
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории