Archive for May 30th, 2008

Карактер

Photobucket

Оние кои од самиот старт се со МакНБА многу добро ја знаат сликава. Е сега, ова никако не сакам да биде сфатено како некое омаловажување на Спарси, кои и покрај желбите на огромен број на НБА фановите никако не престануваат да бидат еден од најсериозните кандидати за тронот. Тоа што никако не успеваат да одбранат една титула не значи речиси ништо, иако факт е дека одбраната на тронот е вистинска потврда на квалиетот, како на тимот така и на тренерот.

Поп и управата на Спарси ја заслужуваат секоја пофалба за начинот на кој го градеа тимот последнава деценија, во која нормално дека и имаа среќа (повредата на Робинсон која им го донесе драфтот на Тимчо). Од ниски пикови кои се претворија во ол-стар играчи (Ману, Паркер) па до епизодисти кои одлично се вклопуваат во шемите на Поп без да бараат премногу внимание (Финли, Боувен, Хори…).

Сепак, ништо од нивниот успех нема да беше можно без Тимчо, кој стварно не би требал да биде споредуван или ставан во иста категорија со Пау. Тоа што Тимчо е уникатен карактер кој одлично се вклопува во малата средина на Сан Антонио и кој не сака да зборува за приватниот живот без скандали не го прави ништо помала ѕвезда и не му го оспорува местото меѓу најдобрите високи играчи во историјата на НБА.

Тука прочитав и нешто како “Тимчо не е нивниот лидер“ или слично, што е крајно далеку од вистината. Да не беше тој, Спарси ќе беа на нивото на еден Денвер…или Голден Стејт на Западот, само со многу подобар и подисциплиниран тренер.

И сега, ги испофалив Спарси без да ги спомнам Лејкерси. А што ќе ги спомнувам кога најголемиот дел од вас ги испофали во коментарите подолу. Тупење? Не би рекол, што се вика - Ви се може, ипак вашиот тим после четири години се враќа во големото финале, и тоа една година по барањето на Коби да биде трампан и критиките на сметка на управата на клубот.

Ова е нешто за што ретко кој сонуваше пред шест и пол месеци и е комплетирање на една половина од ретро финалето после 21 година.

Меџик, Лери, Чиф, Карим и остали спремете се за снимање спотови за финалето. Ако Детроит не ве зезне.

21 comments May 30th, 2008


Календар

May 2008
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории