Прескок плус

Доста чудни работи се дешаваа во овој плеј-оф, но она што вчера се деси во првото полувреме во Бостон е дефинитвно една од најчудните. Момакот на сликата погоре, Кендрик Перкинс во првото полувреме од Гејм 5 против Пистонси го натскока цел тим на Детроит со 13-11. Збориме за Детроит каде на Гејм 4 само Мекдајс имаше 16 скокови. А тука да фатат понекој скок се и Шид, Максил, Ретлиф и Принс.
Перкинс (кој барем мене ама ич ми нема црнечка фаца. Ми личи ко да има нешто египетско во него, посебно сега со фараон брадата) вечерта ја заврши со дабл-дабл од 18 поени и 16 скокови, а цел тим на Пистонси имаше бедни 25 скока. Бостон имаше и реализација од 50% и пак финишот беше тесен.
И двата тима за разлика од другите четири средби од серијата овој пат беа одлични во шутот за три.
Бостон имаше само три поени од клупа, и тоа преку тројката на Поузи. И пак тепаа. За тоа заслуга покрај Кендрик има и Реј, кој конечно играше како Џизус Шатлсворт и нормално, Кеј-Џи со својот рекорд оваа сезона од 33 комада.
Тејшон во нападот воопшто не е факторот кој Пистонси се надеваа да биде во оваа серија, веројатно поради преголемото трошење во одбраната со Пирс.
Гејм 6 е утре, а како што се одвива овој плеј-оф ништо чудно Бостон пак да игра седма.
ПС: НБА призна дека судиите згрешиле со одлуката да не дувнат фаул над Бери во задњата секунда против Лејкерси. И што? Тоа не им значи ама ништо на Спарси, иако осечам делување на некаква карма во овој случај. Само се надевам судиите да не одлучат вечер да ја исправаат грешката во Ел-Еј. Иначе, јас останувам на тоа дека не беше фаул, не затоа што немаше контакт, туку поради тоа што Бери не беше доволно паметен и снаодлив да го продаде тоа како фаул.
27 comments May 29th, 2008