Archive for May 24th, 2008

Плескање на шампионот…преку олд-скул рикеп

Photobucket

Ова е пишувано паралелно или во Рил Тајм со Гејм 2 од финалето на Западот…(не е постирано во рил тајм заради немањето интернет конекција во новото ми дома)…

Уште во првата минута Одом и ФиШер се најагресивни во нападот на Лејкерси, како да сакаат што побрзо да го заборават Гејм 1. Ако продолжат вака нема да има проблем за Лејкерси, Подобра партија од првата сигурно ќе сака да има и Ману, ама за тоа ќе мора да почека да влезе во игра зошто Поп го врати во улогата на Најдобар шести после слабиот Гејм !. Финли пак е стартер.

Боувен не може да го чува Коби, но овој тоа не го користи. Еднаш имаше среќа со шутот од табла, ама бунарот за три е потврда дека му треба некоја минута да се загрее.

Пау пак не може да го чува Тимчо кој доминира во скокот. Мислам дека тука клучна улога ќе има Одом, кој ќе мора да му помага на Пау во скокот. Ќе беше убаво за Лејкерси да го имаа Бајнам здрав, посебно за оваа серија, ама момакот се враќа дури за следната сезона. Неговото неиграње не се чувствуваше против Денвер и Јута, ама Сан Антонио е друга приказна, зошто него го мења Клингонецот Туриаф.

Фишер после само неколку минути има бољи ефект отколку во Гејм 1.

Г. влезе во игра и одма се приметува колку е бескорисен во напад освен ако не е сам на три (или не прави некој прљав блок). При блокот за Паркер на Лејкерси одма им е јасно дека Г. нема да тргне кон кошот, па само го чуваат пасот за три и Тончи Лонгориа губи топка.

Колку екипи убиле тројкиве на Боувен од страна…

Photobucket

Можеби судиите премногу го тинтраат Тимчо, ама факт е дека отсекогаш знаел да изнуди или изглуми фаул. Пау иде на клупа со две лични и влегува Клингонецот.

Да бе, резултатот….17-16 на две и пол.

Г. успеа од шест метри малку странично да го погоди врвот на таблата (поблискиот за него). Во следниот напад се поправа со тоа што барем го погодува обрачот. Ништо бољи не е ниту Вон.

“Едвард Сизрхендс“ никад не го давале на МТВ, од кај да знае човекот.

21-16 за Лејкерси после една четвртина. Како и што се очекуваше, подобра партија на Лејкерси од стартот на Гејм 1. Или во зависност како гледате на работите, послаба партија на Спарси. Далеку подобрата игра на Фишер и Одом им користи на Лејкерси, но бескорисниот Пау до сега со две лични може подоцна да биде проблем. Барем за сега ни Точни ни Ману не се ништо бољи.

Изгледа Ману налета на поголем глумец од себе. Да не играше баскет за Вујачиќ сигурно ќе имаше место во Серие А.

Фармар одлично го менува Фишер со скок, коуст ту коуст положување па и блокада. Понекогаш се заборава колку баш играчи како Фармар можат да бидат важни за една серија, барем за еден нејзин дел додека некој друг епизодист не фати ритам. Спарси тоа најдобро го знаат.

Пак излитената фраза со “мајстори и велемајстори“. Браво.

Финтите и криците на Тимчо полека губат ефект кај судиите, но тој продолжува да доминира во скокот.

Волку промашувања од метар од кош за така кратко време немам видено одамна.

Му олесна на Пау. Први поени на нешто помалце од четири минути до полувремето. Е сега, уште Пау да го затвореше некако рекетот за шетањето на Тончи и Тимчо и се ќе беше супер за Лејкерси.

Коби три, Тимчо два. 37-35. Пак Тимчо два за 37-37 по што Лејкерси со 9-0 го завршуваат полувремето, серија во која покрај навлекувањето на противниците на себе од страна на Коби, голем удел има и Вујачиќ со пет поени, како и добрата одбрана на домаќините. Утнатите две слободни на Тимчо на две секунди до крајот исто така се од помош, иако веројатно имаше фаул над него од страна на Коби по офанзивниот скок.

Од друга страна пак, веројатно и имаше прерано влегување во рекетот од двократниот МВП при тоа второ слободно.

Photobucket

Значи, 46-37 на полувреме за Лејкерси, разлика која ја направија во последните минута и пол од втората четвртина. Некои играчи се уште спијат и не се ни приметува дека се на теренот, додека некои како Тимчо веќе имаат дабл-дабл од 10 со 13. Сепак, тоа ќе му биде џабе на шампионот ако не се разигра Ману кој нема ниту еден поен до сега со две загубени топки.

Се загледав во Фифт Гир на Дискавери…и се покајав што пак се вратив на МТВ за да го чујам ДВЕЈД Вест, КАРАМ Абдул-Џабар, Оваа година немам посебно гледано нешто НБА Екшн на МТВ од едноставна причина што е во незгоден термин, а и првиот пат кога гледав имаше толку прости грешки и целото беше така лошо спакувано што ми се чинеше дека го правел некој петооделенец…Некако се вклопува во се што се дешава на државната ни ТВ.

Поп мора да бара тајм аут после само две и пол минути откако преку Коби, кој до сега има 20-ка, Лејкерси направија плус 14. Како почна третава четвртина одлично се вклопува во шаблонот за трети 12 минути на Спарси на гости во овој плеј-оф. Само како беа газени од Хорнетси во третите четвртини од првите три средби во Њу Орлеанс, а истото им се повтори и во Гејм 1 во Лос Анџелес. На серијата против Феникс више никој не се ни сеќава, освен можеби на првата средба која беше вистинска класика.

Конечно Ману да погоди нешто, негови 2+1, но одбраната на Спарси и понатаму не функционира со многу простор за уфрлувања и додавања во рекетот.

66-48 на средина на трета. Ова има потенцијал да стане смејурија.

Кој фолирант е овој Хори. Освен кога е целосно сам на шут, човекот, исто како и Боувен, не е способен да направи ништо корисно во нападот. Дури и кога е во близина на кош. Одом го испрати неговиот обид за нешто што личи на чут во трет ред откако во претходниот напад на САС го залепи за табла положувањето на Тончи. Ете зошто Лејкерси имаат плус 15…(68-53).

Данкан за последен пат признал фаул кога играл на Вејк Форест.

Не ми е јасно брзањево во напад на Лејкерси кога имаат плус 15. Со тоа само им даваат повеќе време за камбек на Спарси,

На крајот од трета тоа не е ич битно откако шампионот нема абер од враќање во игра. Иако Ману се разбуди, сите други ко да заспаа и после 36 минути игра имаме плус 17 за Лејкерси (74-57) после одличната игра на Одом во третата четвртина, како и лаганото враќање на Пау.

Судиите се приказна за себе, но барем за сега немаат посебно влијание врз резултатот. Имаше моменти кога беспотребно свиреа, а имаше и моменти кога не свиреа нешто што мораа да свирнат.

Photobucket

СЛААААЈ!!!!! Вистински кадар во вистински момент откако резервите на Лејкерси (со Одом) го нокаутираа резервите на Спарси (со Паркер). Ми се чини дека Поп уште на паузата меѓу четвртините се откажа од оваа средба вадејќи ги Ману и Тимчо од игра. Иако не станува збор за разлика која не се стигаше. Ваквите средби се веројатно најдобар доказ за тоа колку Сан Антонио е тим на старци во кој единствено ударното трио е на пристојна возраст.

ФЛИ - некој локален уметник! Не ни проба да го прочита. Не би ни ја после она “Рони БРЕВЕР“.

Важно се знае која е Пола (четврт) Абдул.

Photobucket

Ова ќе биде катастрофа на Спарси. На седум и пол до крајот е 85-60, т.е. сега 88-60 за Лејкерси. И во сето тоа имаме “Во налет кошаркарите на Сан Антонио“. Браво.

Коби уште е на терен, но единствено што треба да прави е да пази да не се повреди. Резервите си ја завршуваат работата.

Ариза е во игра место Коби, за прв пат по повредата. Колку момакот може да биде важен за Лејкерси во овој плеј-оф, не знам, но пред повредата имаше свој дел во ротацијата на Зенот. И ете го, го убацува својот прв обид од игра за 90-64.

Седнувам и јас на клупа…или уште боље - тросед.

101-71. Плескање на шампионот.

18 comments May 24th, 2008


Календар

May 2008
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории