Падна и “Гарден“
Пистонси не се Лебронси, а уште помалку се Хоукси. Тие сабајлево покажаа дека и тоа како се способни да победат во гости во плеј-офот, нешто што на некој начин им стана и заштитен знак последните половина деценија. Кога ќе се развика публиката во Бостон тие нема да утнат клучни слободни, исто како што нема да утнат клучни шутеви од дистанца во последна четвртина на терен кој е еден од најнегостопримливите во лигата.
Сега формулата на Селтикси да стигнат до крајот без победа на гости падна во вода и ако навистина сакаат да покажат дека заслужуваат пласман во големото финале, тие ќе мора да го направат она што не можеа да го направат во по трите обиди во Атланта и Кливленд. Она што уште повеќе боли кај овој пораз е тоа што сите од Големото трио имаа одлична вечер во нападот, па и Џизус Шатлсворт кој ја одигра својата најдобра партија по пауза од цели три месеци.
Можеби тоа е знак дека ќе биде подобро за нив во понатамошниот тек на следната рунда, а можеби и сега, кога се под притисок да победат Селтикси, конечно, ќе покажат шампионски квалитет и ќе добијат најмалку една во Детроит. Пистонси таму загубија во овој плеј-оф од Филаделфија, а и Орландо беше блиску до победа, што веројатно значи дека Обурн Хилс не е неосвоив. Сепак, Пистонси се познати по тоа дека играат подобро кога против себе имаат подобар противник, а и искуството од играње заедно подолго време не смее да се занемари.
Мислам дека Бостон може да добие средба во Детроит, тие тоа го покажаа и во текот на сезоната. На тоа и се надевам затоа што само така и понатаму ќе гледаме интересна и неизвесна серија, а ако се игра петта и седма средба во Бостон, таму на некое од столчињата во Гарден може да се најде и брат ми.
6 comments May 23rd, 2008
