Archive for May 22nd, 2008

Будење во последен момент во Ел-Еј + Роуз или Бизли?

Photobucket

Сабајлево не гледав баскет, така да не можам да пишувам што се случувало во Ел-Еј, ама како што гледам по разни сајтови и бокс-скорови, било ептен интересно во Холивуд. Будењето на Коби во второто полувреме значелo и будење на Лејкерси кои биле во дупка и од 20 поени. Дали за тоа е виновен предолгиот одмор (како што е кај Пистонси) или не, не знам, мада ми се чини дека е така.

Разликата меѓу Детроит и Лејкерси е во тоа што Пистонси немаат играч како Коби кој може одеднаш да преземе контрола врз една средба во свои раце.
Уморот ги стигна Спарси дури во второто полувреме, посебно во последната четвртина кога имаа беден шут и за два и за три. За очекување е доколку Паркер и Данкан го носеле тимот во претходниот тек од средбата, Ману да биде тој кој ќе ја преземе одговорноста во свои раце во последен период, ама очигледно дека сабајлево Ману не беше тој од последните средби, нешто за што тој му даде заслуга на Саша Вујачиќ и неговата одбрана.

Одом и Фишер под просек, иако од Фишер не ни очекувам да биде некој посебен фактор во оваа серија. Барем не како што беше против своите лански другари од Јута, посебно против Дерон Вилијамс. Одом пак, ќе мора подобро од осум поени и исто толку скокови. Посебно кога е чуван од типови како Оберто и Курт Томас.

Толку од средбата која не ја гледав.

* * * * * * *

Иначе, вчера не и одвоив место на Драфт лутријата, веројатни поради фактот дека немавме таленти од типот на Оден или Дурент, а можеби ни од типот на Хорфорд. Лани луртијата беше тука пратена детално поради можноста моите Хоукси да бираат први или втори (иако не ја утнаа ни со третиот пик), а овој пат тие немаа ни свој пик во лутријата. Нивниот пик од првата рунда оди кај Феникс, како дел од трејдот Џонсон - Диао, што е уште една причина за мавање глава во ѕид на Санси, кои лани Атланта да немаше Топ 3 пик, ќе го добиеше нејзиниот избор. Да не ги ни споредувам пак Џо и Борче.

Photobucket

Кога сме веќе кај Лутријата, Булси испаднаа невидени гзлаци откако со само 1,7% шанси стигнаа да бираат први. Тимовите кои се тепаа кој ќе има послаб скор пак извисија како и лани, што е уште еден аргумент против т.н. тенкинг кои го практикуваа некои екипи.

Што се однесува до Булси, тие сега треба да се одлучат дали да го изберат Дерек Роуз или Мајкл Бизли. Тоа ќе зависи од потребите на Чикаго и желбата на управата да направи некој трејд ова лето за конечно да заличат на тим способен за големи нешта.

Трејд на Хајнрих и Гордон, посебно на првиот ако се избере Роуз, е неизбежен ова лето. Денг мора да се задржи, исто како и Носиони, иако тој им е една од најголемите мамки за трејд, па може да испадне жртва. За трејд се спакувани и Хјуз и Гуден, ама кој да ги земе. Може да лета и Тајрус.

Ако се избере Бизли, тогаш Хајнрих сигурно останува, ама се создава нов пирамида ефекат. Како и да е, би требало да имаме интересно лето во Чикаго.

Коцките се тука, само треба да се најде некој да ги посложи, мада се сомневам дека за тоа е способен Пексон, кој успеа преклани да го пропушти Ламаркус Олдриџ за да го добие Тајрус Томас.

ПС: Нафрлано, знам…

5 comments May 22nd, 2008


Календар

May 2008
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории