Сиеста

Понекогаш и не е ок сред плеј-оф да имате некој ден плус одмор. Пистонси се релаксираа изминативе недела дена и малку го загубија интензитетот, што е сосема разбирливо со оглед на паузата. Токму заради тоа мислам дека некои од стварите кои ги видовме во Гејм 1 со Бостон веќе нема да ги видиме од Детроит, посебно не 13-те загубени топки од кои седум во третата четвртина од тимот кој последниве три сезони имаше најмалку загубени топки во лигата.
Спората реакција на играчите при блоковите на Селтикси и неротирањето во вистинско време исто така нема да се повтори, туку само е аномалија предизвикана од предолгиот одмор во контраст со играњето на секој втор ден на Селтикси кои се во целосен натпреварувачки ритам.
Исто така, Чонси нема долго да спие. А и Рондо нема да погодува по неколку шута однадвор во финишот.
Е сега, тоа не значи дека Бостон не одигра добро сабајлево. Уствари, за прв пат во овој плеј-оф тие беа тимот кој беше помалку мрзок на теренот и покажаа зошто би можеле да стигнат до финалето. Сепак, оваа прва средба може да биде нешто што веќе нема да го видиме, не знам, се на тоа ми мириса. Пистонси беа многу слаби и пак беа во игра, а да не беа тие седум загубени топки во 12 минути мислам дека сабајлево можеа и да тепаат.
Ќе видиме утре колку ова смисла.
15 comments May 21st, 2008