…20 years later
Како што се одвиваше седмиот дуел синоќа и како што тој се приближуваше до крајот, се повеќе мислев на Доминик и Бирд и со тоа знаев дека Лебронси нема шанса да победат.
Пред скоро точно 20 години исто така во Бостон се одигра седмиот дуел од полуфиналето на Истокот помеѓу Бостон и Атланта, за кој овдека имам доста пишувано и закој можете да се потсетите на линковите подолу. На кратко, иако Доминик беше ѕвер на теренот, Лери и компанија славеа со 118-116 за пласман во финалето на Истокот. Таму се сретнаа со Детроит. И го попија.
Она синоќа во Бостон, во зависност со кого зборувате, беше или права класика или досаден дуел на двајца индивидуалци. Јас некако повеќе влечам кон првиве, иако ни втората група не е без аргументи. Некои работи ми сметаа, некои ми се свиѓаа, а на крајот тепаше тимот кој во овој плеј-оф не може да тепа во гости.

Лигавењето на Пирс не ми се свиѓаше, но ми се свиѓаа неговите шутчиња од полудистанца. Исто така, Ок е да играш со голема желба и интензитет, ама тоа треба да го трансформираш во некаква доминација на теренот, а не само да се маваш во гради и да правиш страшни фаци. Тоа го правеше Пирс, ама не и Гарнет, кој уште еднаш покажа зошто со Минесота милион пати испадна во првата рунда во плеј-офот, се додека не му ги донесоа И-Ти и Спривел за да играат со муда кога е најпотребно.
Реј Ален го нема никаде во овој плеј-оф, а со оглед на неговата слаба одбрана не гледам како ќе биде ефективен и во следната рунда. Секоја чест на муцката Пи-Џеј Браун за смиреноста кога беше најпотребно, како и машките ретро фаули.
Секоја чест и на 23-годишниот Леброн, кој пак покажа дека никој не може сам да стигне до тронот. Со тој тренер и тој скуп на играчи околу него овие задњи две сезони се и повеќе од максимумот. Точно е дека можеше да биде подобар во финишот, но тоа е кога немате асални играчи околу себе.
А сега малце ретро:
Текст од Спортс Илустрејтед од мај 1988 година.
19 comments May 19th, 2008
