RIP City

Она што го спомнав вчера за Бостон во никој случај не важи за Детроит, кој шеста година по ред ќе биде дел од финалето на Истокот. Ако некој тим покажа дека е способен да го освои Истокот, тоа се Пистонси, кои за разлика од Бостон имаат три гостински победи во ова разигрување. Задњата ја остварија сред Орландо без Билапс, а синоќа иако беа натскокани и имаа доста послаб шут ја затворија својата серија. Клуч беа слободните фрлања (28-32) и загубените топки (само три - плеј-оф рекорд во споредба со дури 21 на Орландо кои беа трансформирани во 34 поени за Детроит).
Смиреноста кога е најпотребно е нешто што Пистонси го имале отсекогаш, барем кога зборуваме за овој микс на играчи, а тие имаат клач момци дури и кога не игра нивниот нај-клач играч. Тоа што долго време се заедно исто така е голем плус и е нешто што не може да се постигне преку ноќ.
Баш со Шеп пред некое време зборувавме за подарокот наречен Пау кој сезонава го добија Лејкерси и го споредивме со поклонот наречен Рашид кој си го доби Детроит пред четири години.
Искуството пак, колку се покажа како битно за Пистонси, толку е небитно кога зборуваме за Хорнетси кои покажаа пак дека само дома си е дома газејќи ги Спарси со плус 22. Вест и Пол одамна покажаа зошто беа ол-стар играчи оваа сезона и Спарси ќе мораат да тепаат една во Њу Орлеанс за да си го продолжат сонот за титула во непарна година. Како што сега стојат работите, само надежта им останува на момците на Поп, кои можат да добијат нов брејк во своја корист како многу пати во минатото во плеј-офот ако Тајсон Чендлер не биде на 100% за Гејм 6.
15 comments May 14th, 2008