Archive for May 12th, 2008

Две во едно

Photobucket

- Коби беше тој кој со својата игра ги донесе Лејкерси до продолжение и им даде шанса за победа, но во исто време беше и играчот кој ги осуди Лејкерси на пораз. Свесен дека болките во грбот го лимитираат неговиот вообичаен ефект, Коби во последната четвртина се прилагоди на таа ситуација и со шест асистенции во тој период им донесе продолжение на гостите.

Фишер и Одом беа одлични во последната четвртина хранејќи се со додавањата на Коби и наместо тоа да продолжи во плус петте минути, Коби одлучи дека е време сам да им ја донесе победата на Лејкерси со грбот поради кој не можеше ни да стане како човек од клупата. Бунарот при крајот и двете блокади на Кириленко над него беа вистински одраз на продолжението.

По средбата можеше да се чуе Фил Џексон како ги критикува другите играчи дека премногу чекале од Коби. Нешто што не ми е јасно и нема врска со она што се дешаваше на теренот. Ако некој се откажа од соиграчите тоа беше Коби, кој заборави како ја одигра последната четвртина и сакаше сам да реши се. Одом, Гасол и Вујачиќ по поразот имаа изјави во кои индиректно го кажаа истото, но нормално, никој не би сакал сега да ја руши атмосферата во тимот.

- Јута заслужено си тепаше, а пак ме импресионираше Дерон Вилијамс, кој е еден од најкомплетните плејмејкери кои некогаш ги имам видено. Бузер по она во Гејм 3 пак беше лимитиран во нападот, а и во одбраната не знаеше како со Одом. Мемо ко Мемо, имаше голем шут, па и голема утка од нелогичен шут, посебно за еден центар. Кириленко добар во одбрана, а Рони Прајс, заедно со Милсеп и Корвер внесе голема енергија од клупата.

- Фаулот на Туриаф не беше за исклучување, иако вредеше за неспортска од прв степен. Кога судиите го видоа Рони Прајс како паѓа на паркетот, а потоа и крвта над десното око, одлучија дека е време Клингонецот да си оди во соблекувална. Не дека тој ќе сменеше нешто синоќа ако останеше цела средба во комбинација, но мислам дека ќе беше малку подобар од изгубениот Мбенга кој се најде во игра, нешто што веројатно ни самиот не го очекуваше.

- Рони БРЕВЕР, Рони БРЕВЕР, Рони БРЕВЕР, Рони БРЕВЕР, Рони…

6 comments May 12th, 2008


Календар

May 2008
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории