Archive for May 11th, 2008

Никси ќе пуштаат бркови…(или т.з. мустаќи)

Photobucket

Најважната вест која ја добивме овој викенд, а која не е поврзана со плеј-офот е таа дека Мајк Д’Антони од следната сезона ќе се ди на клупата на Њујорк која до скоро ја држеше во Њујорк “омилениот“ лик Ајзеа Томас. Бркот одлучи дека му беше доста во Феникс каде очигледно влезе во некаков конфликт ос ген.менаџер Стив Кер и газдата Роберт Сарвер. Разликата помеѓу него, Кер и голем дел од другите оперативци и тренери низ лигата е тоа што првите двајца се позитивни и добро воспитани ликови кои не дозволија нивните меѓусебни проблеми да се рашират низ медиумите ко сапуница.

Е сеа, останува да видиме дали Бркот ќе издржи да остане така фин и во Њујорк, под сиот притисок кој владее таму од сите страни и работата со групата (бандата) на играчи која во моментов ја има на располагање.

Некако се ми се чини дека оваа одлука на Бркот, покрај желбата да го напушти Феникс, е финансиски мотивирана. Баш поради тоа тој праќаше сигнали изминатава недела до Никси и Булси и се среќаваше со нивните главни фаци во обид да изнуди што е можно повеќе пари. Булси не сакаа да одат до толку далеку да го направат трет најплатен тренер во лигата, но Никси никогаш немале проблем со парите, така да јасно е зошто го избра Њујорк. Ќе видиме дали тие пари биле фрлени или не.

Едно е сигурно, а тоа е дека Д’Антони е многу подобра алтернатива од секој можен поглед за Никси, но некако не ми штимаат играчиве и неговиот стил на игра. Посебно не ми штимаат Зеко и Кари во рекетот, посебно не заедно. Уште помалку можам да ги замислам како трчаат контра. Освен ако на противничкиот обрач не закачат неколку Биг Мека.

Најверојатно е дека во Њујорк летово ќе има големи промени, па секоја подетална анализа на Никси и Бркот ќе ја оставам за тогаш.

Од другата страна ги имаме Санси кои сега немаат тренер, а ни идентитет, кој ќе мора да го бараат во следните неколку месеци. Според играчите кои ги имаат, тие имаат уште една сезона во себе, но многу работи ќе зависат од новиот тренер и неговиот авторитет.

Ејвори Џонсон, мејби?

16 comments May 11th, 2008

All you life you have a drrream

Тоа што Берон и неговите Вориорси оваа година не се дел од плеј-офот, не значи дека тој нема свој сплитскрин спот како останатите НБА ѕвезди чии тимови се најдоа во разигрувањето. Е сеа, со кого го дели Берон екранот (и за кои потреби), тоа е друг муабет, но барем е смешно.

All you life you have a drrream…:)

1 comment May 11th, 2008


Календар

May 2008
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории