Ем-Си Скали

Таман решив да седнам да напишам за мизеријата на Леброн во Бостон, победата на Спарси во мечот кој не смееа да го изгубат и синоќешните 27 и 20 на Буз за 1-2 во серијата на Јута и Лејкерси, налетувам на најгенгста белецот во НБА.
Не, не е Крис Андерсен, а ни Џејсон Вилијамс, Скот Полард или Роберт Свифт.
Зборам за Брајан Скалабрини, најневажниот играч во ростерот на Бостон, кој е таму веројатно за да го пополни местото на црвенокосиот белец во тимот. Со оглед на тоа дека има екстра слободни време, Скали си состави рап ствар посветена за Леброн. Насловот не го пишувам, ама целата ствар можете да ја чуете со еден КЛИК ОВДЕ.
Оставете нека се наполни, а онда рипнете некаде на десетата минута. (Можете и да слушате од старт, зошто подкастот е целосно посветен на НБА плеј-офот.)
Страва.
10 comments May 10th, 2008