И тоа бидна. Крис Пол е млад, момакот има само 23 години, има време за него. Според мене, никој друг не заслужил, па ни Гарнет. Да не зборам за Леброн.
Е сеа, останува да видиме дали ова ќе биде типично холивудско сценарио, па на крајот, некаде во јуни со финале против вечниот немесис Бостон ќе имаме хепиенд за Коби и Лејкерси.
ИСТО ТАКА, БИДНА И СРЕДУВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМОТ СО КОМЕНТАРИТЕ. СЛОБОДНО КОМЕНТИРАЈТЕ НА ПОСТОВИТЕ КОИ ПОМИНАА.
May 7th, 2008
Муката од синоќешната утакмица поради која останав до пет сабајле уште ме држи. После она во Бостон уште ништо не ми се јаде.
Во сигурно најружната средба од овој плеј-оф, ако го исклучиме плескањето на Хоукси во Гејм 7 (мада барем таму имаше еден тим кој нешто играше), Селтикси ги спаси тоа што за разлика од Кливленд, тие имаат три ѕвезди, а не една. Така, додека Пирс и Ален играа успаванка, Гарнет си заврши работа во нападот и одбраната.
Леброн е посебна приказна. 2-18 од поле (колку и Ален и Пирс заедно) со 12 поени и по девет скокови и асистенции. Арно ама, и десет загубени топки. За малку квадрупл-дабл, само со една негативна категорија. Она што сепак е страшно е тоа што за малце ќе имаше човекот трипл-дабл во таква ужасна вечер. Уште не ми е јасно како успеа да го утне положувањето за 74-74 во финишот.
Сем Кесел беше голем за Бостон во финишот, кој како по обичај Рондо го преседе на клупата, откако во првото полувреме ги убаци сите свои 15 поени.
Се надевам дека нема да мораме да издржиме уште една таква партија во овој плеј-оф.
Иначе, Реј Ален имаше компир. Нула поени кои му се немаат случено од 1997 година.
May 7th, 2008