Ќе паса

Сеа вака…нешто се дешава со МакНБА, од технички аспекат. Некако успеав да го вметнам овој пост (се надевам), а за што точно станува збор уште не знам. Дали е нешто поврзано со браќата Хакери или со базата на ВП или со таа на серверот каде се наоша МакНБА…не знаем.
Она што знам е дека барем за сега не може да се коментира на постовите, но и дека можам да вметнам понекој пост. Како овој сега.
Исто така, знам дека Бостон ги здроби Хоукси, како некој да очекуваше нешто друго. Така, Бостон си се пласираше во втората рунда без победа на гостински терен, а Атланта беше елиминирана без пораз на домашен терен, иако сите очекуваа чисти 4-0 за Бостон.
Ако нешто направи оваа серија, тоа е давањето на рецепт на другите екипи како треба да се игра против Бостон, како и што покажа дека Селтикси и тоа како можат да бидат добиени. Битно е да се игра агресивно, постојано да се напаѓа рекетот и постојано да се движите во нападот (нормално, и во одбраната). Мислам дека Бостон ментално уште не е зрел за шампион, ама таа зрелост се постигнува во плеј-офот, па оваа серија веројатно ќе има голем удел во тој процес. Она што ќе ми биде интересно е да видам како тие ќе се справат со Леброн, кога дозволија Џо Џонсон (барем на средбите во Атланта) да си игра со нив. Кога го удвојуваа во Гејм 6, Џо најде начин да ги разигра другите Хоукси. Да видиме што ќе се дешава кога ѕверот Џејмс и мргите во рекетот на Кавси ќе слетаат во Бостон.
Покрај мачкањето на младите Хоукси, синоќа го ѕирнав дуелот од слободни меѓу Коби и Јута, во кој според мене голем удел имаше мизеријата од одбрана на Јута, но и добрата одбрана на Фишер над Дерон, кој и покрај тоа стигна на граница на трипл-дабл. Јута беше подобра во скокот, но бедна во реализацијата од поле, а и со многу помалку пенали од Лејкерси. Како и да е, момците на Слоун се вистинскиот плеј-оф тест за Лејкерси после не-екипата од Денвер.
Add comment May 5th, 2008