Младост - Мудост
У виииии…конечно имаме еден (и единствен) Гејм 7 во првата рунда и тоа во серијата која според многумина требаше да заврши со 4-0 за фаворитот Бостон.
Искрено, иако од кога знам за НБА сум фан на Хоукси, во никој случај не очекував дека момците на Мајк Вудсон можат да ги добијат Селтикси на две средби по ред или три средби вкупно. Исто како што не верував дека тие можат да слават сабајлево откако беа исплескани од Бостон во Гејм 5.
Арно ама, како што покажаа Хорнетси на Западот, искуството во плеј-офот станува преценета работа и СРЦЕТО и МУДАТА стануваат главен орган кој го одлучува утакмиците. Исто како и желбата за победа и неоткажувањето до последната минута. Не мора да се заборави и немањето некој преголем респект за извиканиот противник.
Атланта вчера тепаше само поради гореспоменатите органи, и тоа и покрај не баш посебно добрите комплетни партии на Џо, Џош Смит, Биби и повредатана првиот стрелец синоќа Марвин Вилијамс. Хорфорд гинеше во рекетот, исто и Грузискиот гангстер, а и Афрото Чилдрес (или Чајлдрес, ако гледавте на МТВ) имаше една од партиите на кариерата.
Она што ме изненади кај Хоукси, а и што беше еден од клучевите за победата е постојаното напаѓање на рекетот на Бостон од страна на поатлетските и побрзи Хоукси. Доволен показател за тоа е бројот на слободни фрлања кои ги изведоа двата тима, како и бројот на обиди за три во кои предначеа Селтикси. Кај нив непријатно ме изненади тоа што за еден тим кој се смета за фаворит за титулата, тие беа прележерни во нападот без некоја посебна идеја како да одиграат кога Хоукси ќе почнат да гризат. Спуштањето на топката доле на Гарнет и стоењето во место не е нешто што ќе ви донесе титула. Исто како и што играњето на последен напад преку Рондо за три нема да ве донесе далеку.
Знам дека некои од вас ќе го спомнат судењето, кое во најмала рака беше чудно. Точно е дека Пирс не требаше да ја добие шестата лична, ама имаше и неколку ситуации во кои и Хоукси беа оштетени.
Сега, утре вечер на ред е Гејм 7. И пак не очекувам победа, но, со овие Хоукси ништо не се знае. Притисокот секако дека ќе биде врз Бостон, додека Атланта ќе игра целосни растеретено со оглед на тоа дека и сега направи повеќе од тоа што било кој го очекуваше од нив.
Add comment May 3rd, 2008
