Archive for April 26th, 2008

Sunrise…Sunset

Photobucket

Уште откако ја изгубија првата средба на начинот на кој ја изгубија, се плашев дека Санси нема да можат да се вратат во серијата со Спарси. Од една страна, не можев да го видам квалитетот на двете страни од теренот кој го имаа Спарси, а од друга, мислев дека менталниот ефект од губење на добиена утакмица на гостински терен, меч кој може да биде клучен за серијата, е психичка пречка која тимот на Бркот нема да може да ја надмине.

На крајот се покажува дека и двете работи држат вода, а она што посебно е евидентно во оваа серија е дека колку и да сакаат сите неутрални НБА фанови Феникс да иде понатаму, Санси едноставно не се направени од материјалот потребен за еден тим да стане шампион.

Прва огромна дупка во тимот е одбраната, посебно таа на надворешните позиции, која најскромно речено е мизерна. Нешти е човек во години кој нема сила да се троши и во нападот и во одбраната и пак да биде свеж на крајот. Тој е најдобриот шутер на Феникс и кога тој е уморен, Санси ретко имаат шанса за победа против тим како Сан Антонио. Нешти синоќа мораше цела вечер да го брка Паркер во одбраната, која никогаш ни не му била некоја посилна страна.

Плус, бранењето на блокот е ужасна слабост на Феникс, па така да иако на Тончи му го затворија патот кон рекетот, момакот имаше максимална слобода да си шутира од својата омилена полудистанца. Екипи кои се горди на својата одбрана не дозволуваат такво дежа-ву цела вечер.

Самопрогласениот најдефанзивец во Аризона Бел, Барбоса, Гиричек, Диао и Амари исто така не знаат многу што е тоа одбрана, нити се трудат да научат.

Втората голема дупка во Феникс е поврзана исто со Неш, кој за да биде ефикасен во нападот, мора да не се замара премногу во одбраната. Сабајлево, Паркер го бушеше, па Нешти немаше сила да игра напад и беше страшно надигран од Лонгорија. Кога на тоа ќе се додаде прљавштината наречена Боувен која го пратеше Неш во секој чекор и неспособноста на другите да повлечат, се станува јасно. Тоа што Барбоса имаше најдобра партија до сега беше само случајност.

Photobucket

Исто така, тактиката на Феникс пред оваа серија беше да се лимитира ефектот на барем еден од Топ триото на Спарси, нешто во што сабајлево исто така бедно потфрлија. Тончи - Тимчо - Ману искомбинираа 84 поени со шут од игра од 33-52 и од слободни од 13-15.

Сите тие хендикепи и силината на противникот, како и неговиот тренер, се нешто со што Санси не можат да се справат. Доколку следната сезона сакаат да бидат во било каков муабет за можна титула, летово ќе мора да има некои сериозни промени, како во пристапот на тимот, така и во барање на епизодисти кои ќе помогнат да се понесе теретот, посебно во одбраната, но и во нападот, каде Феникс е крајно предвидлив.

И да, Неш не шутна ни една тројка сабајлево.

* * * * * * *

Мечот во Филаделфија не го гледав, но секоја им чест уште еднаш на Сиксерси, кои не престануваат да изненадуваат. Андре Милер веќе не смее да биде еден од најпотценетите играчи во лигата, додека честитки заслужува и Морис Чикс, кој барем до сега се покажува како двапати подобар тренер од Флип, што веројатно и не е тешка задача.

Пистонси имаат тенденција да играат слабо со незвучни имиња, но ваквите партии немаат оправдување. Ќе биде интересно во Гејм 3.

Бај д веј, кај е Чонси?

20 comments April 26th, 2008


Календар

April 2008
M T W T F S S
« Mar   May »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

Архива

Категории