Going Retro
Шорт привју на она што стартува вечерва, а завршува за скоро два месеци. Она што според многумина е стартот на вистинската НБА сезона и кога и оние кои не гледаат многу НБА заседнуваат пред телевизорите, зашто знаат дека подобар баскет од овој нема да можат да видат никаде.
Тоа е посебно така на Западот оваа сезона, каде од првата рунда има ѕверски дуели, а оној меѓу за Шек појаките Санси гладни за одмазда и чемпот сигурно дека е најдоброто нешто што можевме да го добиеме вака рано.
Дали Шек ќе биде она што конечно ќе пресуди во корист на Феникс? Дали Хори пак ќе го легне Нештињо? Дали Тимчо Роботчо, како и секогаш кога е во прашање плеј-офот, ќе заигра со целосно нов чип? Дали Френчи Лонгориа пак ќе се шета низ рекетот на Санси? Дали Ману ќе биде Man-o? Дали Боувен пак ќе користи лакти, клоци, ќе штипе и ќе гризе без да биде казнет? Дали Амари ослободен од било каква суспензија ќе биде ѕверот од пред некоја година? Дали…?

Кој и да ја помине оваа серија мислам дека ќе биде страшен до самиот крај, иако ваквите серии можат и да ви ја исцицаат целата енергија, како физички, така и емотивно. Мислам дека Шек ќе биде многу покорисен отколку што беше Мерион против Спарси, а Кактусот тоа го покажа и во двата сезонски дуели против Сан Антонио.
Сепак, Тимчо е тип кој може секого да заглави во проблеми со лични, така да Шек ќе мора да се пази да не поминува повеќе време на клупата отколку на теренот. Во тој случај, Санси немаат шанса.
Иначе, насловот, а и сликата најавуваат финале кое јас би сакал да го видам, а и мислам дека ќе се случи, освен ако Спарси/Санси не ги замрсат работите. Со оглед на тоа, а и времето кое го немам, финале Бостон - Лејкерс, за прв пат по 1987 година. Финале кое на крајот мислам дека ќе го добијат Селтикси за прва титула по 22 години.
А кога сме кај првава рунда, еве ги моите пикови:
Даље идат: Бостон (4-0), Детроит (4-1), Вашингтон (4-2), Орландо (4-3)
Лејкерс (4-1), Јута (4-2), Феникс (4-3…би сакал), Њу Орлеанс (4-3...такоџе би сакал, иако некако ми мириса дека Мавси ќе го направат она што Вориорси им го направија нив лани.)
ПС: Иначе, горната слика со Меџик и Бирд веќе некое време ја имам како постер, но никако да најдам време да ја урамам, иако не знам ни каде би ја закачил.
35 comments April 19th, 2008
